Комисијата на верификација на фактите, денеска одлучи да се отвори целото досие од случајот Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, кој со одлука на Врховниот суд на Македонија беше рехабилитиран, како жртва на монтиран политички процес.
Со ова се отвора можност Комисијата да ги лустрира лицата кои биле вклучени во случај „Ченто“. Во проверката на досието ќе се прегледуваат 22 поранешни функционери, меѓу нив и партиски раководители, судии и агенти на УДБА кои учествувале во целиот процес.
Прв на удар на можната лустрација ќе биде судскиот совет на Окружниот народен суд во Скопје, чиј претседател беше Панта Марина, а членови Лазар Мојсов, подоцнежен висок југословенски функционер, и Kоле Чашуле, познат македонски писател и дипломат, пишуваше Дневник.
Како што изјави за НОВА, Чедомир Дамјановски член на Комисијата за лустрација, тој не согласува со овој процес, бидејќи станува збор за поранешни функционери и поради тоа што тие се веќе починати. Според Дамјановски случајот со Методија Андонов-Ченто е чист, тој е веќе рехабилитиран, а судската пресуда од 1946 година е поништена од страна на Врховниот суд.
Исто така така ќе се проверуваат и архивите од Президиумот на АСНОМ за да се утврди кој и како издал наредба да се осуди Ченто.




