Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По писмото на Јанева: Предметите кај Јовески – СЈО во аут

0
By Нова ТВ on September 5, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 5, 2019 08:51

Во ек на преговори за новиот Закон за јавно обвинителство, писмото на Катица Јанева испратено од Шутка со кое ги одзема сите предмети од обвинителството со кое се уште шефува ги затече обвинителите во СЈО, но и институциите.

Од СЈО соопштија дека одлуката дали ќе се постапува по наредбата на шефицата ќе се донесе наредните денови. Обвинителката Лиле Стефанова која во судница ја бранеше тезата дека може и натаму да го застапува „Титаник“, наспроти барањето на адвокатите на обвинетите, рече дека писмото со кое Јанева и ги одзема ингеренциите не го видела.

„До СЈО од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување“, соопштија официјално од  СЈО.

Од Министерството за правда не сакаа да коментираат, како што рекоа, јавнообвинителски одлуки, но напоменаа дека треба да се „направат консултации какво влијание ќе има ова на одредени одредби во законот околу кои дебатираме и дали тие треба да се менуваат“.

Јанева му пресуди на СЈО или ги спасува предметите

Правни експерти различно го толкуваат потегот на Јанева.

адвокат Александар Тумановски

Адвокатот Александар Тумановски смета дека предметите и обвиненијата не треба да се префрлаат во Јавното обвинителство, туку да  ги завршат обвинители на СЈО.

„Најдобро е обвинителите од СЈО чиј мандат трае до наредната година да ги завршат сите судски предмети и да продолжат со истрагите кои веќе ги започнале. Во меѓувреме, да се избере ВД обвинител кој ќе раководи со СЈО“, вели Тумановски за НОВА.

Поради автономијата на СЈО, проблематично е дали Љубомир Јовески воопшто има право да ги преземе судските предмети од СЈО, а и доколку тоа се случи, тој нема да може да ги овласти обвинителите од СЈО да ги завршат, затоа, што според сегашниот закон, СЈО не е под негова надлежност.

И истрагите кои СЈО сега ги води, а поради правното мислење на Врховниот суд се замрзнати, Јовески не може да ги предаде на обвинителите на СЈО кои досега работеа на нив, доколку во меѓувреме не се донесе Законот за Јавно обвинителство и не се регулира нивниот статус.

Со преземањето на истрагите и судските предмети од страна на Јовески, СЈО практично престанува да постои.

Љубомир Јовески – Републички Јавен  обвинител
Поинакво толкување на целата оваа ситуација има поранешен обвинител кој за НОВА коментира дека со ваквиот потег на Јанева, се овозможува предметите на СЈО да добијат овластен обвинител, пред да истече мандатот на Јанева која беше единствен застапник на сите случаи на СЈО.

Тој вели дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, иако е во притвор и натаму е законски застапник на предметите на СЈО се додека не биде разрешена, и доколку предметите ги преземе Јовески, тие ќе добијат овластени тужители.

„Се подготвува еден легален тек на пренесување на предметите од СЈО во редовното Обвинителство“, вели обвинителот и додава дека суштината е предметите да не пропаднат, но има опасност да застарат.

„Новите обвинители ќе треба да одлучат дали истрагите треба да продолжат. Предметите можат и да застарат ако обвинителите лежат и не работат – тогаш ќе застарат“, коментира екс-обвинителот за НОВА.

Во однос на судските предмети, обвинителот очекува по донесувањето на Законот за јавно обвинителство, Јовески да ги префрли на обвинителите од СЈО кои и досега ги застапуваа на суд.

Освен предметите, неизвесна е и судбината и мандатот на обвинителите на СЈО, а што е суштинска тема на разговорите на партиските работни групи.

ВМРО ДПМНЕ бара СЈО да се распушти и сите обвинители да се вратат во обвинителствата во кои работеле пред СЈО, додека власта предлага тие да се припојат кон Обвинителството за гонење организиран криминал

Мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а партиските делегации кои преговараат за Законот за јавно обвинителство се уште не постигнаа компромис.  Преговорите кои кампањски траат со месеци не доведоа до никаков договор што ќе ја гарантира индината на СЈО, туку решението се остави да се бара под притисок на времето – кога Јанева ги брои последните денови од мандатот, а судссите предмети се одложуваат чекајќи ја правната разврска за иднината на СЈО.

Впечатокот дека  власта и опозицијата имаа комотен пристап кон статусот на СЈО, и покрај постојаните потсетувања на меѓународната заедница дека се работи за прашања кое треба да биде приоритет, уште повеќе загрижува ако се знае дека СЈО  веќе седум месеци е во кома, откако Врховниот суд во февруари ги суспендираше сите дејствија и истраги на обвинителите, по завршувањето на законскиот рок за подигнување нови обвиненија.

Според рокот што го дава Јанева, Јавното обвинителство во наредните три дена треба да одлучи како ќе постапи по нејзиното барање, откако полномошното со кое таа ги предава предметите на СЈО вчера стигна до нив.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.