Три лица се приведени, а двајца се во бегство по полициската акција наречена „Студент“, против криминална група што изработувала бугарски пасоши, лични карти и патни исправи.
Полицијата ќе поднесе кривична пријава против еден бугарски и пет македонски државјани на возраст од 24 до 58 години под сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“, ,,фалсификување пари“ и „фалсификување исправа“.
Во соработка со бугарската полиција во текот на 2013 година, спроведена е заедничка меѓународна истрага за сузбивање на криминална група која дејствувала подолг временски период на подрачјето на Македонија и Бугарија и вршела набавка и пуштање во оптек на фалсификувани евра, како и изготвување и продажба на фалсификувани исправи, бугарски лични карти и возачки дозволи како и фалсификувани македонски уверенија.
За услугата наплаќале најмалку по 200 евра.




