НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се почитуваат препораките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците

0
By Нова ТВ on September 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постои начелно договор меѓу политичките партии да се почитуваат препораките од Венецијанската комисија во однос на Законот за употреба на јазиците, чии претставници на денешните средби со пратеничките групи во Собранието биле главно заинтересирани за употребата на Законот во судството, Јавното обвинителство, нотарите, во образованието, но и членот осум што се однесува за употребата на албанскиот јазик на книжните пари и униформите на Армијата.

Ова е генерално заклучокот од досегашните средби на делегацијата на Венецијанската комисија со пратеничките групи на СДСМ, на ДУИ и на ВМРО – ДПМНЕ.

Сепак, Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ изјави дека прво треба да се види што како документ ќе биде изготвен од страна на Венецијанската комисија.

– Начинот на владеење, на управуавње и начинот на непочитување на Деловникот во Собранието не донесе во оваа постапка. Доколку беше послушан гласот на ВМРО – ДПМНЕ целата постапка оди во нормална процедура и да има јавна расправа и малцинските заедници кои исто така би требало да бидат опфатени, затоа што нашата држава е мултикултурно општество, да бидат опфатени и сите јазици на тие малцинства. Ќе бевме во состојба да имаме закон прифатен и во пракса употреблив од сите заедници во државата, изјави Мицевски.

ВМРО – ДПМНЕ, нагласи тој, има принципиелен и конзистентен став од почеток во однос на Законот за употреба на јазиците. Дополнително, информира, биле дадени забелешки на целата процедура деловнички околу постапката на донесување, како и околу уставноста на целото законско решение. Во тој период, потсети, беа отфрлени над 36 илјади амандмани на ВМРО – ДПМНЕ без образложение и без никаква постапка. – Ставот на ВМРО – ДПМНЕ по ова прашање е познат, а писмено забелешките повторно ќе бидат пратени. Морам да потенцирам дека нема облигаторност во одлуката односно она што ќе го донесе како заклучок Венецијалнската комисија, изјави меѓу другото координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ по средбата.

Пратеничката од НСДП Соња Мираковска е задоволна од средбата со делегацијата на Венецијанската комисија, на која, како што рече, сакале да разберат какви се решенијата во Законот за употреба на јазиците.  Истакна дека нема никакви дадени рокови до кога треба да ги дадат нивните препораки, ниту има договорено дали и кога би имало нова средба.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ на средбата ја образложил потребата од Законот за употреба на јазиците, што, подвлече, претставува заокружување на нормативниот дел од Охридксиот рамковен договор и придонесува во еднаквост на граѓаните, посебно јазичната еднаквост. Информира дека се очекува мислење од Венецијанската комисија за членот 8 за употребата на албанскиот јазик на книжните пари и на униформите на Армијата односно дали се во согласност со Уставот и со унитарниот карактер на државата. Груби изјави дека на денешната средба од делегацијата на Венецијанската комисија немало одговор за овие прашања.

Средба со делегацијата на Венецијанската комисија ќе имаат и претставници на независнaта пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ, како и со пратеници од Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА и заедничка средба со пратеници на политичките партии од помалите етнички заедници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.