Премиерот Груевски заедно со министрите за образование и култура, Канчевска и Ристовски денеска беа во посета на МАНУ, каде се запознале со актуелните проекти и нивната конкретна примена во практичните сфери, соопштуваат од Службата за односи со јавноста на Владата.
Груевски истакна дека Владата на Република Македонија во рамките на своите можности ја поддржува работата на МАНУ, посочувајќи дека таквата соработка и инвестирањето во конкретни проекти во одредени области придонесе за подобрување на условите и развој на научната дејност.
Владо Камбовски, претседателот на МАНУ изразил задоволство од досегашната соработка и од проактивноста на Владата и поддршката која академијата ја добива, како што е инвестирањето во научни лаборатории и нова опрема што е клучна претпоставка за научен развој.
Од страна на претставниците на МАНУ била посочена потребата за кадровска доекипираност за реализација на проектите од истражувачка дејност, за што добиле ветување од премиерот за посериозно разгледување на ова прашање, соопштуваат од Службата за односи со јавноста на Владата.




