– Документот кој го поднесува до Јавното обвинитетсвото не е никаква кривична пријава, туку извештај, направен од партиската комисија која тој ја создаде, полн со неточни податоци и паушални партиски ставови на СДСМ и ЛДП, реагираат од владејачката партија.
Според ВМРО ДПМНЕ, ова е доказ дека Андреј Жерновски не ја говори вистината и затоа бега од превземањето на лична одговорност за поднесување на кривична пријава против оние кои евентуално, според него, прекршиле одредби од законите во РМ.
– Ова значи дека Жерновски има намера и понатака да продолжи да шпекулира со паушални бројки од 500 милиони, 200 милиони или 8 милиони околу проектот Скопје 2014, стои во реакцијата.
Оттаму повторно обвинуваат дека Жерновски и понатаму продолжува да не ја презема личната одговорност и се крие зад соопштенија, изјави, извештаи, јавно обвинителство и други институции.
„Ако беше сигуен во тоа што го говори досега лично како градоначалник ќе поднесеше кривични пријави и на крај ќе поентираше дека расчистил со ова, според него, прекршување на законите. Но Жерновски бега, бидејќи знае дека лажното пријавување исто така повлекува одговорност за оној кој лажно пријавува друг“, стои понатаму во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ инсистира Жерновски, како градоначалник на општина Центар, веднаш тој самиот да поднесе кривични пријави до надлежните.
Од владејачката партија соопштуваат дека не се плашат од соочување со фактите, затоа што се убедени дека во сите постапки се почитувани правните нормативи од Законот за јавни набавки и од сите материјални закони.




