Црн петок – американски „тренд“ за кои се пишува дека се шири насекаде. Зошто една шопинг-треска се нарекува „црн петок“? Традиционално, во САД божиќните попусти почнуваат еден ден по „Thanksgiving“, кој се одбележува во последниот четврток од ноември. Првиот нареден ден, петок, бил познат по големи метежи по улиците, поради што полицијата одвај успевала да го регулира сообраќајот и од 60-тите, полицајците во американскиот град Филаделфија почнале да го нарекуваат денот – црн петок, по што било прифатено низ целото општество.
Во САД, тепачки помеѓу купувачите. Како што известуваат странските медиуми, најмногу тепачки имало околу пешкири, тостери и таблети, а на некои места интервенирала и Брзата помош.
Во Лас Вегас пак, бил застрелан еден човек додека се обидувал да си го однесе телевизорот во автомобил, а во Вирџинија пак еден купувач е избоден со нож, при расправија за паркинг место.
Во Македонија такви инциденти вчера немаше. Уште пред да се отворат маркетите се собираа групи луѓе пред вратите за да влезат први и да ги искористат најповолните понуди. Веќе напладне метежот беше голем, а на касите се чекаше ред по 20-30 минути. Немаше турканици и тепачки како на Запад.