Published: Sunday, December 1, 2013 09:57
Од денеска почнува владината наградна игра со фискалните сметки „Фискална во рака – наградата без мака“.
Граѓаните треба да соберат дваесет фискални сметки од кој било износ, да ги испратат на адресата на Државната лотарија и да очекуваат да станат добитници на ЛЦД телевизор, паметни телефони, лаптопи, велосипеди, автомобили, стан и или дуќан. Наградниот фонд за секое коло ќе се движи од 25.000 до 30.000 евра.
Првото извлекување е на 31 декември, а наградите ќе се делат на секои 45 дена, во девет кола.
Според Владата, целта е да се спречи даночната евазија, да ја подобри фискалната дисциплина, да се елиминира нелојалната конкуренција и да се мотивираат граѓаните да бараат фискални сметки.




