Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кираца Трајковска: Време е за крај на управувањето на Штерјо Наков

0
By Нова ТВ on December 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 1, 2013 16:58

Потпретседателката на Надзорниот одбор и акционер во Фершпед АД, една од најмоќните бизнисмени во Македонија, Кираца Трајковска, денеска со јавно известување им се обрати на сите акционерите и вработени во Фершпед.

Обраќањето кое е објавено во дел од македонските медиуми, ви го пренесуваме интегрално:

-На 28.11.2013 година како акционер и истовремено како Потпретседател на Надзорниот одбор согласно член 385 од ЗТД поднесов барање за свикување на вонредно Собрание на акционери на Фершпед АД Скопје до Управниот одбор, со јасно наведени цели и причини за свикување на вонредното Собрание.

Барањето го поднесов поради негативниот тренд во работењето и своевидното нестручно и незаконско работење на одредени членови на Управниот и Надзорниот одбор, за да се сопре процесот на континуирана пресија врз вработените, неосновано казнување, како и да се создадат услови на здрава и нормална работна средина со цел да се зачува имотот на Друштвото и лично да се изземам од одговорноста пред акционерите и Законот за негативните трендови, состојби и дејствија во Друштвото, на кои веќе подолг временски период укажував.

Согласно член 30 од Статутот на Фершпед АД Скопје членовите на Управниот одбор, односно на Надзорниот одбор се должни да ги вршат функциите согласно со Законските прописи и Статутот.

Спротивно на тоа членовите на Управниот одбор, поедини членови на Надзорниот одбор, како и раководители на сектори, чии имиња јавно ќе бидат објавени, во интерес на Штерјо Наков и Драган Наков на 29.11.2013 (петок), 30.11.2013 (сабота) и на 01.12.2013 (недела) вршат невиден притисок врз акционерите кои се вработени во Фершпед АД и врз акционерите кои се пензионирани од Фершпед АД.

По јавување на поедини акционери дека и денес (на 01.12.2013 во недела) им се прави притисок да дојдат во седиштето на Фершпед АД за да потпишуваат бланко полномошна, отидов да направам увид, но ми беше забранет влез во службените простории.

Притисокот го прават на начин што со различни закани и дезинформирања ги принудуваат споменатите акционери да потпишуваат бланко полномошна за застапување на нивни интереси на вонредното Собрание на акционери, за кое не е закажано ниту место, ниту време на одржување, ниту постои јавна објава со дневен ред.

Потпишување на полномошна и изјави за дадени полномошна без датум на давање на полномошното, како и без датум на одржување на вонредното собрание во две верзии со две различни места на одржување (Скопје и Охрид) е противзаконско дејствие.

Противзаконски е и тоа што ополномоштени лица се директори и раководители во Фершпед АД чии имиња јавно ќе бидат објавени.

Јавно ги повикувам сите акционери на Фершпед АД Скопје да не подлегнуваат на вакви незаконски притисоци и манипулации, туку да го искористат своето законско право лично да присуствуваат на побараното вонредното собрание и да гласаат по сопствено лично убедување по точките од дневниот ред кој ќе биде јавно објавен.

Јавно ги информирам акционерите на Фершпед АД кои под притисок веќе ги потпишале овие незаконски бланко полномошна, дека истите можат по писмен пат еднострано да ги отповикаат согласно Законот за трговски друштва, член 392, точка 6.

Време е сите акционери да ја преземат судбината на Фершпед АД во свои раце и да стават крај на незаконското семејно управување на Накови со Фершпед АД, со писмено соопштение се обраќа потпретседателката на Надзорниот одбор и акционер на Фершпед АД, Кираца Трајковска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.