Published: Sunday, December 1, 2013 18:16
Лотарии и игри не ги решаваат проблемите на граѓаните. Ја повикуваме Владата да не си игра со човечки судбини, реагираше опозициската СДСМ.
Организирањето лотарии каде добиваат само членови на ВМРО-ДПМНЕ стана нов механизам на владејачката партија за згрижување на сопствените членови, велат од партијата, која наградната игра ја нарече „Ново лото-шоу на ВМРО-ДПМНЕ“.
Со економскиот концепт на СДСМ, велат од партијата, во кој спаѓа и предлог-мерката за повраток на 15 отсто ддв, добитници се сите граѓани.




