Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Биро за образование: Дезинформација е дека химната е отстранета од наставните програми

0
By Нова ТВ on September 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 13, 2019 11:51

Бирото за развој на образованието денеска ги демантираше информациите обајвени во некои медиуми дека изучувањето и пеењето на химната се изоставени од новите наставни програми, за разлика од претходните наставни програми.

Од Бирото укажуваат дека тоа се невистини, што може да се утврди со увид во претходните и новите наставни програми.

-Со химната на Република Северна Македонија учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети Општество и Музичко образование, како и во петто одделение каде јасно стои во наставната програма по Општество дека учениците преку интегрирани активности по Музичко образование и по Ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија (наставна програма од 22.05.2008 година).

Во сите наставни програми по музичко образование и во претходните наставни програми“ и во „новите наставни програми“ во општите цели за наставниот предмет стои: ученикот/ученичката да пее песни со разновидна мелодиска линија, а во конкретните цели  (за одделни наставни часови) да пее песни различни по карактер и содржина на македонски јазик и јазиците на народите кои живеат во нашата земја, што остава слобода на наставникот во зависност од контекстот, времето на изведување на наставата, корелацијата со други предмети (поврзано со државни празници, патрони празници итн.) да ја изведува со учениците химната на државата и/или други свечени песни, велат Од Бирото за развој на образованието.

Оваа година, се вели во соопштението, Бирото за развој на образованието изготви нови наставни програми по наставниот предмет Музичко образование за шесто, седмо, осмо и деветто одделение, со цел преку  слушањето и интерпретирањето на песни од сите заедници што живеат во нашата држава, покрај изучувањето на музиката и творештвото на светските класици, ќе се придонесе кон зближување на учениците и запознавање со вредностите и традициите на различните заедници и култури.

-Она што е новина и она на што инсистиравме при изработката на овие програми, за разлика од досега, е тоа јасно и недвосмислено да биде застапен и препознаен мултиетничкиот карактер на македонското општество. Учениците да слушаат и учат македонски, албански, турски, српски, ромски, влашки, босански песни. Преку избраните песни на овие народи да учат за сопствената, но и за културата, традициите и обичаите на другите. На тој начин, учениците стануваат свесни дека убавината на нашата држава лежи во различностите, во сплетот на култури, претставени, покрај другото, преку различниот фолклор, песни и ора.

Сите други резултати од учење што треба да ги постигнат учениците преку изучувањето на другите теми во наставните програми, а се однесуваат на музичка писменост и изведбени активности се прилагодени на возраста на учениците и не отстапуваат од наставните програми по коишто и претходно се работеше во основните училишта, велат од Бирото.

Современите наставни програми, базирани на очекувани резултати од учењето, со стандарди за следење и оценување на постигањата на учениците се изготвени од работни групи составени од претставници на експерти од високото образование, како и практичари од наставата, истакнати наставници, од различни етнички заедници во земјата и советници од Бирото за развој на образованието.

Од Бирото за развој на образованието укажуваат дека тие не се надлежни за издавањето и печатењето на учебниците, туку се вклучени само во делот на давање мислење за усогласеност на учебниците со наставната програма. За тоа како ќе изгледа определен учебник, дали и кои песни ќе ги понуди авторот за постигнување на определени резултати (освен оние предвидени со наставната програма) е слобода на авторот и зависи од неговата умешност и креативност во пишувањето на учебник и избор на соодветни музички творби.

-Токму затоа, уште еднаш, истакнуваме дека изработката на новите наставни програми нема никаква поврзаност, ниту „умисла“ да се отстрани химната од наставните програми, туку и понатаму останува како и до сега таа да се изучува во основното училиште и да се изведува кога тоа го бара наставната програма или во различни свечени пригоди во училиштата, се вели во соопштението од Бирото кое се оградува од секоја изјава којашто официјално не е дадена од директорот на институцијата или одговорните / овластените лица за контакт со јавноста.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.