Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фершпед“ свикува вонредно акционерско собрание

0
By Нова ТВ on December 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 2, 2013 12:42

„Фершпед“ АД Скопје, преку интернет порталот на Македонска берза објавува соопштение со кое ја информира јавноста дека компанијата секогаш работи согласно законските прописи.

Вчера, Кираца Трајковска, потпретседателката на Надзорниот одбор и акционер на Фершпед АД ја алармираше јавноста за, како што таа вели, незаконското работење на првиот човек на Ферпед, Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, како и претседателот на Управен одбор, Иван Петровски.

-Главната намера и целта на Накови е да се обезвредни фирмата, односно акциите и со тоа да станат доминантни, мнозински акционери семејството Накови- со таа цел именуваа неспособни, неквалификувани работници, рече за НОВА Трајковска.

Денеска во соопштението до јавноста се огласи „Фершпед“ АД Скопје: „Во врска со последните објави со информации поврзани со работењето на компанијата сакаме да ја информираме јавноста и акционерите дека како и во досегашната пракса на закажување и одржување на седници на собрание на акционери, секогаш се пристапувало на начин кој процедурално го пропишува законот, а самите акционери доброволно и по сопствено убедување ги остварувале своите акционерски права. Така, акционерските собранија во досегашното свое работење бележат перманентен успех во одржувањето без ниту еден проблем, на општо задоволство“, се вели во соопштението.

„Сакаме да ги информираме акционерите на компанијата дека во архивата на друштвото примено е писмено барање на еден од поголемите акционери, за свикување и одржување на вонредно акционерско собрание.

– Во согласност со одредбите од законот и статутот на друштвото, веднаш е пристапено кон припрема на седницата на собранието. Објавата за одржување на седницата на вонредното собрание на акционери заедно со дневниот ред ќе биде направена кога за тоа ќе бидат добиени предлози од акционерот кој е иницијатор за свикување на вонредната седница.

– Се повикуваат акционерите на компанијата на единство и заедништво, поддршка на деловните активности и одлуки кои како и досега ја носеле компанијата само кон најуспешните во земјава и надвор од неа“, објавува „Фершпед“.

Инаку, Кираца Трајковска вчера ги пријавила во полиција- Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, како и претседателот на Надзорен одбор, Иван Петровски, откако обезбедувањето не и дозволило да влезе во Фершед.

Нејзиниот следен чекор е- да ги охрабри акционерите да дојдат самостојно, без притисоци и тортура да гласаат и да одлучат за својата судбина и верува дека тие се на нејзина страна, на страна на правдата.

– Јас сум со вработените и акционерите со години во фирмата- чувствувам дека тие мене ме почитуваат, нема стравопочит, туку взаемна лојалност и почитување, изјави вчера Трајковска за НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.