„Андреј Жерновски смисли нов начин да привлече внимание. И овој пат тоа не е со работа и проекти, туку со обвинувања и клевети. Во обид да се извлече себе си од кашата која сам си ја создаде и подигнатите очекувања кај СДСМ дека кој знае што ли има во проектот “Скопје 2014” и откако виде и покрај сите можни ревизии дека нема ништо незаконско и спорно сега за да дефокусира сега започна јавно прашања да поставува“, реагира ВМРО – ДПМНЕ на отвореното посмо на Жерновски до Груевски.
– Никола Груевски ниту правел криминал, ниту поддржувал, ниту му паѓа на памет да поддржи било каков криминал и незаконско работење и тоа им е јасно на сите. И наместо да поставува прашања и да продолжува да си игра играчки со јавноста го повикуваме доколку има било што незаконско или спорно да покрене кривична постапка. Несериозно е на ваков начин да ја дефокусира темата и затоа не не чуди тоа што и опозициските медиуми веќе ја критикуваат опозицијата за ваквиот нивен несериозен однос кон проектот “Скопје 2014” за кој на виделина излегуваат лагите и манипулации кои тие ги шират.
– Соодветно на досега прикажаното, и судејќи според контрадикторноста и слабоста на аргументите на Жерновски може веднаш да се заклучи дека обвинувањата за некаков криминал се апсолутно невистинити. Оттука се покажува дека Андреј Жерновски не е за верување. Тој ја превзема улогата на политикант кој освен волјата да троши енергија за млатење празна слама, го мрзи врвките од своите чевли да си ги заврзе. Зошто ако не беше така тој досега ќе имаше нешто сработено со што ќе можеше да се пофали. Но проекти и дела во Општина Центар нема. Токму затоа Жерновски наместо да го троши времето да изгради нешто, се занимава со претходно изграденото. Впрочем тој целата своја кариера ја темели врз напади и клевети врз други, реагира владеачката партија.
Според нив Жерновски нема храброст да поднесе кривични пријави и затоа јавно со име и презиме да каже кој според него направил криминал, ако тоа е г-динот Груевски тогаш нека каже со име и презиме, ако е некој друг тогаш нека го каже кој е, и притоа да не се служи со лаги и клевети, како на пример онаа дека ВМРО-ДПМНЕ наводно потврдила дека 8 милиони евра се малку пари.




