Минатата недела германската СПД и ЦДУ/ЦСУ потпишаа договор за формирање голема коалиција. Овој документ од 185 страни ја поставува агендата за новата влада и беше предмет на дискусии во текот на 2 месеци.
Во него се обрнува внимание на проширувањето со што тоа го прави клучен документ во определувањето на перспективите на ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан во наредните години. Германија не е само важна земја членка но и 75 отсто од Германците се против проширувањето во наредните години. Ова е земја со најголем број скептици кон проширувањето.
Секцијата (стр.165) за проширувањето е долга само еден пасус и беше малку покриена од страна на германскиот печат.
“Проширувањето на ЕУ е активен мировен проект на ЕУ. Претходните проширувања на ЕУ се во интерес на Германија и на Европа. Ние сметаме дека овој процес ќе продолжи во стриктна согласност со критериумите за пристапување на земјите од Западен Балкан кои имаат перспектива за членство. Србија и Косово мораат да ги исполнат своите обврски. Ние сакаме постепено намалување на КФОР и негово завршување согласно развојот на безбедноста. Заедно со нашите партнери и сојузници ќе го промовираме активно доближување на земјите од Западниот Балкан до ЕУ и НАТО. Примената на стриктни критериуми и јасната проверка на напредокот се важни за проширувањето. Одлучувачка е и способноста за пристапување на кандидатот како и капацитетот на ЕУ.”
Во суштина, овој пасус ја задржува германската определба за проширувањето на ЕУ и ја опишува како мировен проект кој има интерес и за Германија и за Европа. Тој подвлекува дека процесот треба да продолжи под стриктни критериуми и јасен напредок. Важна е способноста на кандидатите да се придружат но и способноста на ЕУ да ги прими тие земји. Како резултат на тоа, коалицијата сугерира дека новата германска влада ќе го поддржи проширувањето во наредните години. Многубројните споменувања на строги критериуми, видлив прогрес и способност за прием сугерираат дека проширувањето останува тешко и дека Германија, која ја рефлектира широката тенденција на ЕУ членките за останат блиску до процесот на проширувањето, ќе ја оценува подготвеноста на земјите одвоено од оценките на Европската комисија.
Промени се сепак можни: составот на новата влада не е се уште најавен, а членовите на СПД прво треба да го изгласаат коалициониот договор, но традиција е помалиот партнер да го држи министерството за надворешни работи. Многу е можно дека СПД министерство ќе му дава поголема поддршка на проширувањето од досегашниот ФДП министер. Коалиционата влада бележи дека сите ЕУ одлуки ќе бидат посебно координирани од страна на владата под водство на канцеларката и вице-канцеларот така што ќе има малку простор за поинаква политика на СПД. Освен тоа, краткото споменување на проширувањето мора да биде потсетник колку оваа политика има низок приоритет во германската влада.



