Published: Wednesday, September 18, 2019 19:00
Пожарот кој денеска гореше во близина на скопското село Бардовци е комплетно локализиран, информираат од Противпожарната служба.
Противпожарните екипи ќе останат на терен до целосното гасење на пожарот.
Од Противпожарната служба информираат дека пожарот не зафатил ниту една од куќите и нема ниту настрадано население, ни имот.




