Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Розе Мојсовска: Се срамев кога почнав да сликам со уста

0
By Менче Атанасова Точи on December 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2013 12:55


Своите уметнички творби ги изработува со уста, скромна и дружељубива, Розе и овој пат на Светскиот ден на хендикепот, ја покажа својата хуманост. Заедно со нејзините пријатели, телесни инвалиди организираа групна изложба, а средствата ќе одат за помош во Националниот сојуз на телесни инвалиди „Мобилност Македонија„

Розе Мојсовска од своја десетгодишна возраст е во Заводот за рехабилитација на телесни инвалиди во Бања Банско. На седум години пројавила интерес за сликарството,но, поради нејзиниот телесен хендикеп срамежливо почнала да слика со уста. Розе вели дека се срамела од луѓето во околината дека своите чувства ги изразува преку четката за сликање која ја држела во уста.

Таа е единствена во државата која платното го бои на ваков начин. Учествува на многу ликовни колонии, каде го усовршува својот стил на сликање, има направено многу самостојни и групни изложби. Розе пишува и поезија и има издадено четири збирки, а наскоро ќе излезе и петтата. Розе денеска заедно со нејзините пријатели телесни инвалиди го одбележаа Светскиот ден на хендикеп, со групна изложба,а средствата од продадените дела ќе се слеат во касата на Националниот сојуз за телесни инвалиди„Мобилност Македонија“. Меѓународниот ден на хендикеп се одбележува на различни начини.

Годинава Обединетите нации ја промовираа темата која ќе биде водечка за 2013 година за движењето за права на лицата со хендикеп – „Скршете ги предрасудите – отворете ги вратите“.

Здружението Полио Плус, во рамки на свеченоста на претседавачите од четирите состави кои досега функционираа во македонското Собрание, пратеници од најразлични политички партии, ќе им бидат доделени плакети за постигнатите резултати во борбата за еднаквост на лицата со хендикеп во Македонија.

Полио Плус од декември 2012 година го имплементира овој проект поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Целта на активностите спроведени со овој проект е да се унапреди системот на вработување на лица со хендикеп во Република Македонија.

Спроведените активности беа во насока да се овозможи целосна инклузија и почитување на човековите права на лицата со хендикеп во општеството и на отворениот пазар на труд согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.