НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлогот „Наоди“ на МКЦ на Венециското биенале на архитектурата 2014

0
By Влатко Чаловски on December 3, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Проектот со наслов „Наоди“ предложен од ЈУ Младински културен центар – Скопје, ќе биде претставник на Македонија на 14-то издание на Интернационалната изложба на архитектурата во Венеција во 2014 година, кое ќе се одржува од 7 јуни до 23 ноември.

– Според одлуката на комисијата, која се базира на јасни и мерливи критериуми, проектот „Наоди“ е директен одговор на темата „Темели – прифаќање на модерноста: 1914-2014“ и во него е вградена индивидуална приказна за 100-те години од модерната, изјави денеска минстерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Според комисијата, проектот „Наоди“ е авторски приказ на специфичното просторно искуство на постоењето на градот Скопје, изразено преку адекватно одбрани фрагменти од недовршени промени низ времето, и авторите нудат креативно дело, базирано на сериозно истражување со професионално осмислена целовитост и јасно дефинирано рационално решение за реализација во просторот.

Во проектот ќе учествуваат повеќе архитекти, и тоа Д-р Јован Ивановски, Д-р Александар Радевски, М-р Ана Ивановска, Д-р Огнен Марина, Д-р Бојан Каранков, Владимир Десков и Горан Мицковски. Куратор на проектот е Д-р Јован Ивановски, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје, додека комесат на претставувањето М-р Златко Стефковски, директор на МКЦ.

Годинава, на конкурсот на Министерството за култура за претставување на земјата во Венеција, биле понудени вкупно три проекти, покрај „Наоди“ на МКЦ уште и проектот „Контрадикциите помеѓу брзиот развој на модерната архитектура“ на ЗЕМ-ЗЕМ ФЕШИОН Куманово, како и проектот „Карабина – прифаќање на модерноста, хибридизирање на реалноста“ на НУ Национална галерија на Македонија.

Министерката Канческа-Милевска испрати честитки и изрази уверување дека овој проект, достојно ќе ја презентира Македонија на Биеналето на архитектурата во Венеција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.