Published: Tuesday, December 3, 2013 10:26
Наместо во декември годинава, зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор за 5 проценти се одложува за октомври следната година. Собранието на Македонија го изгласа Законот за изменување на Законот за исплата на платите, по скратена постапка во кој е предвидена оваа одредба.
Според заменик министерот за труд и социјална работа Ибрахим Ибрахими платите во јавната администрација не можат да бидат зголемени поради светската и европската криза.
Пратеничката група на СДСМ не го поддржа законот, бидејќи, според нив, власта по петти пат одлага зголемување на платите во државната и јавната администрација.




