Грчките позиции за проширувањето на НАТО, особено во однос на предусловите за членство на Македонија во Алијансата, се апсолутно јасни и повеќе се поврзани со општите критериуми на НАТО, а не со грчко-македонските билатералните односи, пренесува МИА.
Ова се вели во соопштението на грчкото МНР во врска со учеството на министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Бисел.
Тој синоќа присуствуваше на работната вечера на која се дискутираше за изгледите за проширување на Алијансата, на која го презентирал ставот дека членството на Макдонија во НАТО не е поврзано со грчко-македонските билатералните односи.
Венизелос вчера во Брисел учествуваше и во дискусии за иднината на евроатлантската соработка, подготовките за самитот во 2014 година и НАТО партнерството.




