Денеска започна постапката за примопредавање на имотот на некогашната А1 Телевзија во рацете на НЛБ Тутунска Банка, најголемиот доверител на друштвото, објавува порталот за бизнис и економија Фактор. Тимови составени од преставници на банката, извршители, проценители, геометри, претставници на стечајниот управник заедно со полициска логистика го започнаа процесот на преземање на движен и недвижен имот на поранешната А1 телевизија.
Извори за Фактор велат дека банката има да наплати долг во висина од 1.6 милиони евра, а со ова од денес со имотот повеќе нема да располага стечајниот управник туку банката.
Стечајната постапка во некогашната водечка телевизија почна на 26 јули, а на почетокот на 2012 та година стечајниот управник Ацо Петров предложи ликвидација на фирмата. Во текот на постапката Петров призна 60% од побарувањата на доверителите во вредност од 23 милиони евра.
Повеќе за случајот прочитајте на страната на Фактор.




