Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовева, прва пратеничка со македонско потекло во ЕП за МИА: Во Брисел владее оптимизам за датумот

0
By Нова ТВ on September 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 27, 2019 12:15

Франција не е априори против влезот во Европската унија на државите кои ги исполнуваат критериумите. Париз не се противи, но таму фокусот во моментов го става на реформите на самата Унија.

Ова во интервју за МИА го порача европратеничката од Словенија, Ирена Јовева, која е  прва пратеничка со македонско потекло во Европскиот Парламент. Таа вчера беше избрана за прва потпретседателка на делегацијата помеѓу ЕУ и Северна Македонија.

Во интервју за МИА, таа говори за нејзините очекувања за нашата земја во октомври како и во наредните пет години и изразува оптимизам дека кон средината на следниот месец Европскиот совет ќе одреди датум за почеток на преговорите, нагласувајќи оти тој оптимизам е мошне видлив во Брисел.

Како единствена пратеничка со македонско потекло во овој мандат на Европскиот Парламент и член на делегацијата ЕУ-Северна Македонија, кои се вашите желби или амбиции за земјата во наредните пет години?

-Јас сум родена во Словенија со македонско потекло и горда сум и на Словенија и на Северна Македонија. Мојата прва желба е сега Северна Македонија да добие зелено светло за да почнат преговорите, сите знаеме дека ќе биде долг пат, сигурно нема во наредните пет години да стапи во ЕУ, прво што треба за луѓето е некаков позитивен сигнал и мојата желба е сега да се добие тоа зелено светло и да се оди напред.

Дали мислите дека е изводливо сега на 15-ти октомври да се добие тоа зелено светло, кои се вашите информации?

-Мислам дека да, по ходниците ако можам така да кажам, се зборува со оптимизам, барем за Северна Македонија, сега очекувам дека ќе се даде зелено светло и дека ќе се почне да се оди напред.

Мислите дека ќе се одвои од Албанија?

-Има различни информации, има сценарија според кои ќе се одвојат на крајот, не знам што ќе се случи.

Бидејќи сте дел од групата на Либералите каде членува и партијата на претседателот Макрон, а знаеме дека Франција е еден од противниците, какво е расположението кај вашите француски сопартијци околу преговорите?

-Не знам дали можам да кажам дека се баш противници, колку што гледам од разговорите со нив, дали е затоа што разговараат со мене, но немам чувство дека се баш против, само сакаат ЕУ да се реформира и после тоа да почне да се проширува, но тоа не значи дека тие не се за да влезат тие држави што ги исполнуваат критериумите, но тоа е сѐ, тие не се априори против.

А дали се против датумот во октомври?

-Порезервирани во смисла не сакаат јавно да расправаат околу тоа, но јас мислам на крајот Макрон – ќе биде сѐ во ред.

Доколку нема датум, или повторно биде одложен, мислите ли дека постои ризик Северна Македонија да се оддалечи од европските цели?

-Да, јас мислам дека веќе неколку години постои тој ризик, сега само може да се продлабочи бидејќи луѓето, и кога разговарам со мојата фамилија, се многу разочарани, навистина заслужуваат нешто да добијат да има некаква надеж, да се почне. И мислам дека ЕУ толку време, ако ветиш нешто и ако една држава го направи сето тоа, го смени името, мислам дека нема никаква причина да не се почне. Секако дека се тука и реформите, не е сѐ перфектно, но треба да се почне.

Во однос на внатрешната ситуација и на реформите, кои би биле вашите главни забелешки кон Македонија во овој момент?

-Најактуелната афера ја знаеме сите, за жал. Иако сега е малку смирена работата и тука во Брисел, во ЕУ нема голема причина да кажат дека нема да има ништо во октомври, но секако е некаков доказ дека Северна Македонија има уште многу, многу работа со реформите.

Претпоставувам дека се однесува на законот за јавно обвинителство… бидејќи преговорите се закочени меѓу власта и опозицијата и дека има ризик да не биде изгласан законот до 15-ти, дали велите дека тоа нема да спречи позитивна одлука?

-Треба опозицијата и власта да бидат согласни. Тоа ќе биде најголем сигнал, иако не е сѐ во ред со законот, тоа ќе биде знак, да не бидат скарани, дали е тоа можно не сум сигурна но тоа би било најдобро.

А ако не?

-Не знам, подобро да не збориме за тоа сценарио, да бидеме оптимисти и да кажеме дека ќе биде сѐ во ред.

Последно прашање, кои се вашите планови за време на вашиот мандат, некакви иницијативи во однос на Северна Македонија?

-Прво да кажам мојата примарна цел, мојата примарна држава и интереси се Словенија. А за Северна Македонија јас секако кога ќе проценам дека можам да помогнам ќе помогнам, еве сега формираме група Пријатели на Северна Македонија со други европратеници, јас ќе бидам во делегацијата со Северна Македонија, ќе бидам прва потпретседателка и ќе почнеме сигурно, и не само за Северна Македонија туку за Западниот Балкан, тука има многу негативна конотација кога ќе се спомне Балканот, сакам да се смени тоа, не е сѐ негативно, сакам добрите работи што се од „долу“ да ги донесам тука и да видат луѓето дека не е сѐ така лошо.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.