Специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина, Курт Волкер поднесе оставка, пренесуваат светските агенции.
Името на Волкер се споменува во пријавата на „свиркачи“ објaвена во четвртокот, а во која се наведува дека Волкер се сретнал со високи украински официјални претставници со кои се координирал како да постапат по телефонскиот разговор на Трамп со Зеленски.
Во пријавата се обвинува Трамп дека извршил притисок врз Зеленски во телефонскиот повик од 25 јули да го истражи неговиот потенцијален претседателски ривал Џо Бајден на изборите во 2020.
Волкер наредниот четврток треба да појави пред комитетите во Претставничкиот дом и да одговора на нивните прашања.
Волкер е ветеран дипломат кој беше назначен за амбасадор на САД во НАТО во времето на Џорџ Буш.
Волкер работеше како претседателски специјален претставник за Украина од 2017 година.
Стејт департментот досега не се изјасни за оставката.




