Published: Wednesday, December 4, 2013 22:29
Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски денеска на својата страница на ФБ објави дека добил признание “Амбасадор на мирот”, од страна на “Федерацијата ма жени за мир во светот”. Ова признание се доделува за личности кои служат како пример и се посветуваат на активности како што е промовирање на универзални морални вредности, соработка меѓу различни религиозни грпи, хармонија помеѓу нациите и етаблирање на мирот.
Како што пишува во признанието, “Амбасадорите на мирот допринесуваат во реализација на вечниот сон на човештвото: универзален свет на мир во кој се хармонизирани духовните димензии и материјалноста на животот”.




