Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас, Верхофштад, Мичел, Шулц утре во Скопје на Самитот на „Економист“

0
By Нова ТВ on September 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2019 10:09

„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ е темата на годинешното издание на Самитот на „Економист“, што ќе се одржи утре во Скопје.

Се очекува присуство на околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари. Меѓу гостите и панелистите се премиерот Зоран Заев, поранешниот помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, поранешните премиери на Грција и на Белгија Алексис Ципрас и Ги Верхофштат, Мартин Шулц поранешен претседател на Европскиот Парламент и други.

Нашата држава првпат е домаќин на настанот, во организација на „Економист“ најпознатиот неделен економски магазин кој има милионски тираж и е основан во 1843 година.

Самитот во Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за доделување датум за почеток на преговори за Северна Македонија и почеток на нова ера во евроинтеграциските процеси на Западен Балкан.

Вес Мичел ќе говори на тема Западниот Балкан во ерата на голем натпревар меѓу силите, а за европската перспектива на регионот ќе говорат Ги Верхофштат поранешен премиер на Белгија и Димитрис Пападимулис потпретседател на Европскиот парламент.

Според организаторите, премиерот Заев, Ципрас и Шулц ќе говорат за тоа кои се следните чекори кон европските интеграции со осврт на Договорот од Преспа, за тоа како обликува балканскиот пејзаж.

За безбедноста и соработката на Западен Балкан и новото поглавје на НАТО ќе дебатираат Мирослав Лајчак претседавач со ОБСЕ и шеф на словачката дипломатија, Бетина Каденбах помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, Алкивиадис Стефанис, заменик грчки министер за одбрана.

Учесниците ќе дискутираат и за тоа кои се најголемите економски предизвици на Западниот Балкан, како се развива регионалната соработка, и на кој начин регионот може да привлече поголеми странски инвестиции.

Самитот се одржува во година која е клучна затоа што станува збор за уникатна ситуација со оглед на очекуваниот Брегзит, новиот состав на Европската комисија и Европскиот парламент, но и трговските војни на САД и поместувањата на глобалната геополитичка мапа.

– Во вакви услови југоисточните земји од Европа се обидуваат да имплементираат сериозни социјални и економски реформи со цел да се приближат до побогатите земји. Северна Македонија изминатава година даде нова надеж дека регионалните конфликти може да се решат и економијата да се придвижува напред. Во овој контекст Самитот на The Economist односно Economist Events ќе биде под насловот: „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, потенцираат организаторите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.