Граѓанското движење „Разбуди се!“ ореагираше против поставувањето на споменикот на, како што велат, српскиот окупатор на овие предели, познат како самопрогласен цар Душан.
– Денес, се наоѓаме пред споменикот на овој окупатор и убиец на Албанци и Македонци, за да поставиме неколку прашања: Кој го постави и кој го финансираше овој споменик? Уште колку споменици ќе се постават како дел од овој проект кој што граѓаните го казнија на последните избори? Албанците не се согласуваат со поставувањето на споменик на окупаторот и убиецот цар Душан во Скопје. Дали се согласуваат Македонците!? Каде се албанските споменици? Сметаме дека почитувањето на еден српски окупатор е србофилија – рекоа на денешната прес конференција од Разбуди се!, која ја одржаа пред споменикот на цар Душан.
Оттаму го повикаа градоначалникот на Центар уште утре „да го сруши овој срам за Македонија“.
„Ако никој не преземе одговорност за овој скандал, тогаш поставувањето на овој споменик е незаконско“, велат од граѓанското движење.
Граѓанското движење Разбуди се! го смета проектот „Скопје 2014“ за моноетнички, монорелигиозен и неприфатлив за Албанците.




