Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит во Скопје: Една од најдобрите вести во изминатиот период е Преспанскиот договор

0
By Нова ТВ on October 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 1, 2019 11:26

Во Скопје денеска се одржува Самит во организација на Економист посветен на евроинтеграциите.

-Конференцијата на „Економист“ се случува во многу важен момент за Северна Македонија и Западен Балкан по Преспанскиот договор очекувањето беше дека Европскиот совет ќе ја покани вашата земја да отвори многу брзо преговори за членство. Со тоа што во јуни ја одложи одлуката, сега сите очи се вперени на средината на октомври кога се очекува да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во ЕУ, рече регионалната директорка за Европа на „Економист“, Џоан Хои на отворањето на конференцијата „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“.

Досега на говорницата, учесниците и присутните ги слушнаа излагањата на премиерот Зоран Заев, поранешниот помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, екс премиерот на Грција Алексис Ципрас и поранешниот претседател на ЕП Мартин Шулц.

-Верувам дека добрата вест за почнување преговори со Европската Унија ќе влијае позитивно на целиот регион и на ЕУ и оти ќе биде препознаен напредокот на реформите во решавање на проблемите. Регионот е сменет, се стреми и создава услови за натамошен развој и интегрирање, Заев.

Една од најдобрите вести во изминатиот период, како што наведе, беше решавањето на долгогодишниот спор со Грција, којшто имаше сериозни негативни билатерални и мултилатерални импликации.

– Овој договор ја покажува вредноста за која се бори ЕУ. Дел од него е и членството во Европската унија. Со овој договор се потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност во овој регион. Северна Македонија е држава која го промовира процесот на проширувањето во рамките на европското законодавство. Тој покажува дека државата е кредибилен партнер за ЕУ и таа треба да одобри датум за преговори на следниот состанок на Европскиот совет, порача екс премиерот на Грција Алексис Ципрас во обраќањето.

За поранешниот помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, Западот треба да покаже дека позитивните примери треба да бидат наградени, а Преспанскиот договор беше таков позитивен пример.

-Мора повеќе да бидеме присутни и да ја зацврстиме нашата позиција на Балканот. Треба да внимаваме да не се повторат лошите приказни од минатото, рече поранешниот помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел во обраќањето на Самитот на „Економист“.

Поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц смета дека Европската унија во октомври треба да испорача датум на почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија.

– Меѓутоа, моето искуство по три децении работејќи во европските инстиуции и европската политика ми кажува дека ништо не можеме да предвидиме. Така што не знам што ќе се случи, рече Шулц, одговарајќи на прашања на Форумот на „Економист“.

По воведните обраќања, досегашните говорници учествуваа на дебатата за значењето на Преспанскиот договор и за очекувањата од Европскиот совет за евентуален датум за почеток на преговорите со ЕУ за Македонија и Албанија.

Заев: Ако не добиеме датум, ЕУ ќе го казни најдобриот пример во Европа

Доколку Европскиот совет не одлучи позитивно и не даде почеток на преговори со Северна Македонија ќе го казни најдобриот пример од државите во регионот, рече премиерот Заев во дискусијата.

Заев истакна дека земјава веќе 15 години е во чекалницата на ЕУ и оти разбира дека некои членки се против проширувањето на ЕУ, но оти ние не сакаме веднаш членство, туку само да ги отвориме преговорите да добиеме шанса и да го трансформираме нашето општество.

-Нашите соседи кои се веќе во ЕУ, Грција, Бугарија, Романија, Хрватска, како и Австрија, Унгарија, Италија ја искористија можноста во текот на Генералното собрание на ОН уште еднаш да нагласат дека даваат поддршка за целиот Западен Балкан особено за Република Северна Македонија да стане дел од Унијата, рече Заев.

Според него, важно е и за самата Унија да донесе позитивна одлука за Северна Македонија и истакна оти дека ЕУ ни вети дека доколку ние го исполниме тоа што го бараат од нас, тие ќе го исполнат своето ветување.

Осврнувајќи се на борбата против корупцијата, Заев рече дека има  предмети што се одвиваат и оти првпат земјава покажува независност во судството и со тоа, потенцираше, се испраќа порака дека повеќе не се исплати да се биде криминалец.

-Борбата против корупцијата, независниот судски систем за нас значи подобра економија. Ако инвеститорите се сигурни дека ќе им се гарантира правда, безбедност и сигурност, нормално дека ќе бидат помотивирани да инвестираат во земјава, рече Заев.

Сепак, дополни, се уште треба да се работи на овој план. Секогаш останува предизвик како и во самите држави членки во ЕУ како да се подобри состојбата  во корупцијата и независниот судски систем.

Во врска со излагањето на Мичел за влијанието на Кина и на Русија, Заев, одговарајќи на прашањето на модераторката Хои дали малите држави на Балканот се очајни за нови инвестиции и токму поради тоа се свртуваат кон Кина и кон Русија, рече дека за Владата нема алтернатива за членството во ЕУ и НАТО, но соработката со другидржави е обврска на политичарите кон гражаните за подобрување на животот.

-Затоа имаме соработка со кинески и со руски компании. Таа соработка е и со САД и со Русија и со Кина. Ние навистина сакаме инвестиции во инфраструктурата. Од гледна точка на ЕУ и агендата за поврзаност сите врски на овој регион треба да се подобрат. Ние имаме дискуии и како да ги подобриме врските во самиот регион, бидејќи имаме голем потенцијал, и оваа сорабтока мора да биде видлива, рече Заев.

Во попладневниот дел, Самитот на Економист ќе продолжи со акцент на економската соработка.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.