Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штипскиот обичај Чет’рсе заштитен од УНЕСКО

0
By Нова ТВ on December 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 5, 2013 19:41


Обичајот Чет’рсе, што секоја година во рана пролет се одржува на штипскиот Исар, се вбројува во елементите на светското културно нематеријално наследство под заштита на УНЕСКО. Со тоа Македонија конечно влегува на Репрезентативната листа на УНЕСКО за културно нематеријално наследство.

Чет’рсе обредноста е поврзана со празникот Свети 40 маченици кај нас познат како Младенци и се совпаѓа со првиот ден на пролетната рамноденица. По предлог на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, таа е прогласена уште во 2011 година за значајно духовно културно добро во Националниот регистар на културното наследство на Македонија, но отсега станува дел од светското културно наследство, со одлука на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО што моментално заседава во Азербајџан.

Се смета дека Чет’рсе обредноста потекнува уште од Средниот век, кога на територијата на Македонија почнува да се шири култот кон Светите 40 маченици од блиско-источниот град Севастија. Во неа се сочувани практики и верувања поврзани со бројот 40, со култот кон змијата, природата и плодноста.

Празникот «Чет‘рсе» е прослава на свети маченици кој се одржува на 22 март во чест на маченици од 4от век и го означува во исто време и денот на пролетта. Учесниците се собираат на улиците на Штип и се качуваат на брдото Исар застанувајќи по пат во црквата за да им оддадат почит на мачениците. Според обичајот учесниците мораат да поздрават 40 лица што ги познаваат, да соберат 40 камења, како и 40 цветови или гранки на бадем. На врвот на Исар учесниците фрлаат 39 камења во Брегалница а последниот камен се става под перница пред спиење. Во текот на денот свири музика на Исар.

УНЕСКО објаснува дека традицијата ја пренесуваат постарите кои се качуваат на Исар заедно со своите деца. Овој пролетен обичај бара соработка помеѓу жителите на Штип од сите возрасти и сите социјални слоеви. Со тоа обичајот се промовира тимски дух и солидарност. Се собираат сите етнички и религиозни групи со што се создава чувство за припадност на градот и неговите традиции.

Досега Македонија има предложено повеќе кандидатуири, како „Тешкото“, долнополошкото машко пеење „Гласоечко“, или делчевското оро “Копачка“, но штипското чествување на празникот Младенци е прво шсто успеа да се пробие на престижната листа на УНЕСКО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.