Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стартува ФОКУС – онлајн политички забавник

0
By Нова ТВ on December 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2013 15:26

Од денеска стартува онлајн изданието на неделникот ФОКУС. Порталот ќе се фокусира на сатарични содржини, а на страницата ќе може да се најде и архивата на печатеното издание на медиумот. НОВА им честита на колегите и им посакува успех во работата, а дополнително ви го пренесуваме воведникот на главниот уредник на ФОКУС Јадранка Костова.

„А зошто забавник кога политиката одамна веќе не е забава за тие чие кредо е критички да ја опсервираат работата на моќниците, кои, пак, се лоцирани во владините одаи?

Едноставно, и најдокументираните истражувачки стории веќе нема шанси да ги разбудат контролорите на власта од преродбеничкиот сон. Максимум можете да заработите тужба за клевета и навреда.

Во такви забегани времиња, кога и стварноста наликува на пародија, најдобар издувен ветил се потсмевот, иронијата и пркосот. Затоа во најголем дел fokus.mk ќе има козериска нишка.

Секако, на fokus.mk значајно место ќе најде и богатата архива на неделникот „Фокус“, чиј заштитен знак беше да биде контра секоја власт, во обид да ја направи поодговорна.

Верувајте дека дури и реобјавените истражувачки стории, анализи, интервјуа и колумни од старите „Фокуси“ ќе ви бидат забавни.

Вести засега ќе нема, но затоа ќе имате ексклузивна можност да прочитате „вести од иднината“.
Неделникот „Фокус“ и натаму останува само во печатена верзија.

П.С. Иако најавивме дека стартот ќе биде точно напладне, доцниме затоа што премиерот по обичај доцнеше на свеченото отворање на порталот.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.