НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Училиште со најлони наместо прозорци во близина на центарот на Скопје

0
By Менче Атанасова Точи on December 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Основно училиште „Св. Климент Охридски“ денеска го слави патрониот празник. Екипата на НОВА го посети неговиот клон во Визбегово, училиште кое се наоѓа на само шест километри од центарот на градот. Училиштето беше празно, но лошите услови во кои учат 17 –те деца од ромска националност се очигледни. Вратите и прозорците се искршени, а како заштита од ветер и студ наместо стакла има залепено најлони. На местото на шахтата има опасна дупка во која може да се повредат децата, на зидовите има испишано навредливи пораки, дворот е запуштен.

Секој ден децата од Момин Поток пешачат по два километри во двата правци, за стигнат во училиштето во Визбегово. Нивните родители се жалат на лошите услови во кои учат децата. Наставата се изведува од 9 до 11 часот, а во двете адаптирани училници настава следат по две паралелки, децата од прво и трето, и од второ и четврто одделение заедно.

Во општината Бутел признаваат дека во Визбегово има потреба од ново училиште,но велат не е исплатливо да се инвестира во старата зграда. Се надеваат дека надлежните институции ќе помогнат финансиски , во спротивно, велат дека ќе чекаат во септември 2014 да заврши изградбата на новото училиште„ Живко Брајковки “во Бутел, а потоа да се започне со реализација на планот за изградба на ново училиште во Визбегово.

Директорката на училиштето, чиј клон НОВА го посети, не беше достапна да одговори зошто на прозорците на ова училиште нема стакла и како планираат да се изведува настава во текот на студената зимата. Оние семејства од Визбегово кои имаат финансиска моќ, децата со возила ги носат во училиштата во другите населби. Децата од албанска националност патуваат менувајќи два автобуси до населбите Бутел и Север каде што има двојазична настава. Само Ромските деца се оставени сами на себе во училиште кое не ги задоволува основните услови за работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.