Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И највредните пасоши во светот се на продажба-Црна Гора нуди пасош за инвестиција

0
By Нова ТВ on October 6, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 6, 2019 20:02

Зголемената побарувачка на ирски пасоши од британски државјани пред најавениот Брегзит за 31 октомври, ја потврди тезата дека со пари не се купуваат само недвижнини, туку и пасоши од најпосакуваните земји.

Но, искуството покажало дека најелитните светски патници не се мачат да стојат во ред на шалтерите за имиграција. Наместо тоа, тие до државјанство доаѓаат преку инвестициските програми (скратено ЦИП), со кои преку инвестирање во економијата на една земја може лесно да се дојде до повредните пасоши.

Оваа индустрија истовремено е и контроверзна и во силен процут. На 4 октомври, и Црна Гора објави дека прифаќа апликации за една од најпопуларните нови програми.

Оваа мала медитеранска нација, позната по драматичните предели и филмските крајбрежни градови, нуди 2.000 апликации за доаѓање до пасош.

Апликантите треба да инвестираат минимум 274,000 американски долари во развојни проекти.

Тие исто така мора да платат такса од 100.000 евра по апликација, кои ќе бидат искористени за финансирање економски раст на неразвиените области.

-ЦИП привлекува лица од земји чии пасоши нудат многу ограничени можности за патување, како што се Кина, Русија и земјите од Блискиот исток, изјави Нури Катц, основач на меѓународната финансиска советодавна фирма „Апекс капитал партнери“.

-Повеќето од поединците кои се одлучуваат на вакви инвестиции се претприемачи со голема нето заработка од околу 2 до 15 милиони долари, вели Катц.

Како настана ЦИП

Според консултанската компанија за планирање државјанство со седиште во Лондон, „Хенли и Партнерс“, Јапонија и Сингапур ги имаат најпосакуваните пасоши во светот, според Индексот за пасоши во 2019 година, благодарение на нивниот безвизен или визен пристап до 190 јурисдикции.

ЦИП има алтернатива и за оние земји кои имаат помалку посакувани пасоши. Правната рамка им овозможува на странците да се здобијат со пасоши преку инвестирање во развој на инфраструктурата или државни обврзници.

Концептот датира од 1984 година, кога државата сочинета оддва острови на Карибите Сент Китс и Невис – го воведоа оригиналниот ЦИП. Ова стана попопуларно во 2009 година, кога земјата започна засилено рекламирање на своите можности.

-Програмата„ Сент Китс и Невис “е најстара, па затоа се смета дека е платинум стандард, вели Катц.

Постојат многу вакви ЦИП на Карибите, затоа што едноставно им се потребни пари и немаат многу други ресурси што можат да ги користат за привлекување странски директни инвестиции.

Со текот на годините, ваквите програми станаа постандардни и во развиените земји – свои верзии нудат САД, Канада и Велика Британија, како и неколку земји во Европа.

Австрија, Антигва и Барбуда, Малта, Кипар и Доминикана сите активно ги продаваат верзиите на ЦИП, а се поголем е бројот на оние кои размислуваат за усвојување на вакви програми. На пример, Грузија и Казахстан работат на создавање свои програми, како и неколку други земји на Балканот.

Како функционира

Во 2017 година, Катц проценува дека околу 5.000 луѓе годишно се стекнале со друго државјанство преку ЦИП.

И самиот Катц е еден од нив. Првично, американски државјанин, претприемачот се стекнал со државјанство на Израел и Канада, каде живеел долги периоди. Подоцна, тој добил државјанство и од карибската Сент Китс и Невис преку инвестиција во недвижнини.

Тој е исто така граѓанин на Антигва, затоа што таму си купил куќа каде сега живее со семејството.

– Со државјанството на Антигва стигнав барајќи добро училиште за мојот син. Го најдов таму, вели тој.

-Кога ја купив куќата, сфатив дека земањето државјанство е попаметна одлука отколку добивање дозвола за престој, што бара постојана обнова, вели Катц.

На прв поглед можеби изгледа лесно да се дадат парите и да се добие пасош, но се работи за строгите процедури на апликација кои може да траат со месеци – може и со години.

Вообичаено, апликантите се подложени на темелна финансиска и криминална проценка за државата да се осигура дека парите се заработени легално, пред да биде одобрен престој или државјанство.

Веројатно не е за изненадување, но програмата за ЦИП на САД е меѓу најтешките за остварување. Апликантите мора да исполнуваат петгодишен услов за престој пред да имаат право да аплицираат за државјанство – кое повторно не е загарантирано.

Сите националности имаат право да учествуваат во програмата за имиграција на инвеститори во САД – повеќето апликанти се од Кина, но има многу и од Иран, Нигерија, Русија, Мексико и Египет. Некогаш се потребни години за да се одобри престојот.

Најпосакуваните пасоши

ЦИП се движат од 100.000 американски долари на островот Доминика до минималните 2,15 милиони американски долари на Кипар, кои се сметаат за меѓу најскапите пасоши на продажба.

-Кипар е меѓу најскапите од повеќе причини. Едната е дека можноста за живеење во Европа се смета дека има голема вредност, вели Катц.

Освен тоа, инвестицијата во Кипар е во недвижнини и постои чувство кај инвеститорите дека кипарскиот пазар на недвижности држи добра цена и дека инвестирањето таму може да доведе до добри приходи, додава Катц.

Оваа медитеранска земја се смета дека исто така има лесен пристап до ЕУ – времето е кратко, а документацијата не е комплицирана.

Меѓу попопуларните пасоши се и оние на Португалија, каде Програмата за златни визи во земјата обезбедува двегодишна дозвола за престој и брза постапка за државјанство.

А цената? Идните државјани мора да купат недвижен имот во вредност од 550.00 американски долари (или за најмалку 384.000 американски долари, инвестиција во недвижност за што е потребно реновирање).

Во разлика од овие земји, Антигва и Барбуда на Карибите, се поевтини – потребни се 100,000 американски долари придонес во нивниот Национален фонд за развој.

Зошто некој би купил пасош?

Ако веќе пребарувате да купите имот на Кипар или Португалија, ЦИП е како „два во еден“ договор.

Односно, добивате и дел сопственост во ново одморалиште со пет ѕвездички и нов пасош.

Има и професионални придобивки. Бизнисмен со политички проблематичен пасош нема време за за губење во недели или месеци да чекаа да добие виза.

Наместо тоа, тој или таа може да сметаат дека со купување на државни обврзници од 560.000 американски долари во Бугарија, можат да добијат лесно движење во 170 јурисдикции. За возврат на тоа, патувањата можат да биде значително поефикасни.

-Бизнисмените имаат потреба да бидат многу мобилни и да не бидат ограничени со барање визи за сите земји во кои треба да патуваат. На пример, без комплицирани услови за патување, кинеска бизнисмен кој треба да оди по бизнис во Париз и Лондон, прво мора да оди во француската амбасада и да  побара виза, а потоа и до британската амбасада да го стори истото, вели Катц.

Отворање на опциите

На пример, за сопствениците на американски пасоши, поседување втор пасош може да помогне доколку некој Американец патува во нестабилна земја или сака да живее и да работи во Европа.

Американците можат да имаат повеќе пасоши, но ако сакаат да ги избегнат американските даноци – или двојно оданочување, оние кои  живеат во странство мора да се откажат од државјанството.

-Многумина Американци го сметаат за фрустрирачки тоа што мора да плаќаат данок дури и ако живеат во странство. Ова е случај само со две држави- САД и Еритреја, вели Катц.

Исто така, богатите семејства од Блискиот исток кои имаат ограничувачки пасоши, на пример, би можеле да изберат да инвестираат во пасош од Доминикана за да можат да заштедат време и послободно да патуваат восветот.

Или може да го сметаат за инвестиција во еден вид безбедносен чадор – резервен план во случај на санкции, војна или природни катастрофи.

-Тоа е нешто како полиса за осигурување, нешто што дава одредена гаранција за заштита од евентуален таков ден, додава Катц.

Статусен симбол

Некои пак едноставно собираат пасоши како што друг тоа го прави со автомобили или летни куќи.

-Тоа покажува дека некој достигнал одредено финансиско ниво што му овозможува да инвестира во второ државјанство. Како купување скап автомобил, тој служи за некаква цел, но исто така покажува дека некој може да си го дозволи тоа, вели Катц.

Но која е единствената група на богати луѓе која не собира пасоши? Милијардерите.

-Милијардерите обично ваквите проблеми ги решаваат уште кога се „едноставни милионери“. Тие за такво нешто генерално почнуваат да размислуваат кога ќе достигнат нето вредност од милион или два, објаснува Катц.

Цената на ЦИП

Главната цел на ЦИП е да обезбедат економска поддршка за земјите на кои им недостасува капитал и да поттикнат инвеститори. Но, тие не се без контроверзии.

Кејт Хоупер, вонреден аналитичар за политика во Меѓународната програма на Институтот за миграциона политика во Вашингтон, вели дека некои влади имаат такви програми кои вклучуваат откривање на изворите на приходот.

-Прецизните процедури за внимателност имаат тенденција да не бидат јавно објавени, а бројни извештаи предизвикаа загриженост за тоа колку овие процеси се ефикасни при скринингот и искоренувањето на валканите пари. Со текот на годините, има неколку случаи кога државјанството им било доделено на луѓе без соодветна истрага, вели Хоупер.

Друг проблем, вели таа, е тоа што ЦИП има конкретна цена за правата на престој.

На пример, при еден таков обид за продажба на ЕУ државјанство, ЕУ се спротивстави на воведувањето на ЦИП на Малта, и даде согласност дамо откако беа воведени дополнителни услови за давање државјанство, како што е минимален период за престој.

Привилегии за веќе привилегираните

Некои експерти изразуваат загриженост за економските и политичките несакани ефекти.

Џорџ Демартино, професор по меѓународна економија и етика на Универзитетот во Денвер, смета дека ЦИП може да предизвика несакани ефекти.

-Програмите како што се овие, се закануваат дека ќе обезбедат посебни привилегии на веќе привилегираните. Тие им овозможуваат на оние со најмала потреба да мигрираат, да добијат државјанство во нова земја, додека оние што се очајни да мигрираат, како оние што се соочуваат со сериозни економски околности дома, се целосно исклучени од придобивките од овие програми. Програмите не се причина за оваа нееднаквост, но тие ја засилуваат, вели Демартино.

*Извор Си Ен Ен

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.