Неидентификувана група се обидела да го сруши споменикот на цар Душан, а според информациите на Алсат-М, се работи за група од 20 до 30 граѓани која ноќеска по полноќ се обидела да го урне споменикот, кој е значително оштетен, но не и срушен.

Како што пренесува телевизијата, меѓу граѓаните имало и претставници на ДУИ.
Главниот уредник во Алсат-М, Мухамед Зекири, на својот Фејбук профил објави фотографии од синоќешното уривање на Цар Душан, на „Мостот на цивилизациите“ пред зградата на Уставниот суд.
За денеска на пладне на ФБ се најавува протест и уривање на споменикот.
.jpg)
Но, најголемата енигма беше иницијаторот и соодветната институција која го поставила- се уште не се знае кој го нарачал, платил и поставил и за кој никој не сака да преземе одговорност.
Министерката за култура Елизабета Канчевска- Милевска не знае чие дело е поставувањето на Цар Душан, на 4 декември изјави за НОВА нејзиниот портпарол Анета Јовановска.

Претходно, поставувањето на споменикот Цар Душан предизвика лавина реакции и неодобрувања.
Граѓанското движење „Разбуди се!“ упати јавна реакција за поставувањето на споменикот на Цар Душан кого го нарече „Окупатор“ на Западен балкан и „самопрогласен Цар“.
Претходно Унијата на интелектуалците Албанци во Македонија поставувањето на споменикот на Цар Душан го оценува како навреда не само за Албанците, туку и за Македонците и македонската држава.
Во писмената реакција од ова здружение се вели дека македонскиот народ и денеска го мачат последиците од владеењето на овој Цар, но сметаат дека неговото поставување претставува особена навреда и провокација за Албанците кои во нивното сеќавање го паметат како единствен владетел кој насилно ги словенизирал Албанците и ги преобратил католиците Албанци во православни.
Интелектуалците Албанци сметаат дека отстранувањето на овој споменик би било корисно за сите.
Реагираше и ВМРО- Народна. Оттаму ги поздравуваат реакциите на Албанците, го осудуваат молкот на институциите и ги прашуваат, како што велат, таканаречените заштитници на македонскиот идентитет и достоинство, за нивното нереагирање за да го отстранат споменикот.
Со реакција истапи и Здружението на ветераните на ОНА. Од таму оценија дека станува збор за провокативен споменик за поттикнување балканска војна и ги повикаа амбасадите на САД и Германија да реагираат.
.jpg)




