НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фросина Ременски осомничена во „Рекет“

0
By Нова ТВ on October 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски е осомничена во „Рекет“ дознава НОВА од извори во истрагата. Таа е опфатена со проширената истрага против нови четири лица осомничени за перење пари, измама и помагање во измама, во делот на исплатата на средства за наводната изградба на старечки домови на сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

Ременски беше почесен претседател на Меѓународниот сојуз на чија сметка легнале парите. Покрај Ременски, со оваа истрага е опфатена и Јасна Мандиќ заменик претседател на Меѓународниот сојуз, таткото на Боки 13, Миле Јовановски и неговата асистентка во Сојузот Кристина Карајованова.

-Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт, соопшти обвинителството.

Во текот на денот се очекува новите осомничени да дадат исказ пред судија на претходна постапка. Обвинителството бара притвор за едно лице од новоосомничените, а за другите мерки на претпазливост.

Ременски минатиот месец даваше исказ во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“ и Меѓународниот сојуз. Таа тогаш изјави дека како почесен претседател на организацијата немала никаква формално-правна обврска да учествува во органите на организација и дека лично не присуствувала на средбите кога се преговарало и се потпишувале договорите на Меѓународниот сојуз со фирми и лица.

– Квалификациите што правел Меѓународниот сојуз ќе ги оставам да ги утврди ЈО. Ниту јас, ниту вие како новинари не треба да даваме квалификации. По прашњето за грижата на совест, тоа е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме и одговорност, меѓутоа и сите ние имаме и ситуации во животот кога и другаруваме или сме во роднинска врска со луѓе кои можеби сториле или не сториле нешто, а сме биле во некаква комуникација. Тоа не значи дека тоа повлекува и некаква грижа на совест особено ако не се однесува за дејствија поврзани меѓу нас, рече тогаш Ременски.

Битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски и струшкиот Ардијан Амзоски кои уплатиле 719.000 односно 233.000 евра на сметката на Меѓународниот сојуз веќе дадоа исказ кај Русковска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.