Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тулчински:Македонија има долг пат до подобро здравство

0
By Нова ТВ on December 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 7, 2013 16:19

Македонија има доста направено во подобрување на здравствениот систем од 2001 –вата година кога последен пат ја посетив, но има уште многу да се направи за да се унапреди здравството, изјави Тед Тулчински професор во Школата за јавно здравје на Хебрејскиот Универзитет, денешниот Самитот за здравство кој се одржа во Скопје.

-Прво и основно вие имате голема стапка на смртност на мозочни удари,заболување кое што може да се превенира,со што ќе се избегне смртноста на помлада возраст и ќе се продолжи животниот век. Здравството во државата се подобрува, но имате уште долг праг пред вас за да го постигнете нивото на западно- европските земји изјави Тулчински на прес конференцијата.

На прашењето на НОВА дали смета дека здравствениот систем во Македонија е социјален, бидејќи пациентите три пати плаќаат, еднаш за здравствено осигурување, втор пат за партиципација и трет пат во приватно здравство и колку во таков систем е фер распределбата на средствата, Тулчински од министерот Тодоров беше замолен да не одговори на ова прашање бидејќи прашањето се однесува на него.

Но, и кога лично беше замолен да одговори на прашањето, Тодоров наместо да одговори, демонстративно ја прекина прес конференцијата со образложение дека треба да се врати на самитот. Тој кратко прокоментира пред камерите дека прашањето нема врска со темата на Самитот.

Останува нејасно зошто всушност беше свикана прес конференција за новинарите кога на неа беше овозможено да се одговори само на едно прашање.

За разлика од министерот Тодоров, директорката на Фондот за здравствено осигурување, сама се понуди да одговори на прашањето, кога не смее да се каже НЕ во здравството. Таа нагласи дека се постојано предмет на напади, без притоа да се имаат во предвид големите ограничувања што ги имаат за водење на здравствената политика.

-Во здравството не смее да се каже НЕ само на превенција на болестите. Црвените светла во сите земји се запалени за здравството, популацијата живее подолго, трошоците се се поголеми и затоа мора да се направи пресврт во водењето на политиката во здравството . Тоа може да се направи доколку се стави акцент на превенцијата на трите зболувања кои предизвикаа пандемија во светот, а тоа се дијабетес,бубрежна слабост и кардиоваскуларни заболувања изјави Парнаџиева Змејкова.

Таа најави дека од јануари преку матичните лекари ќе започнат скрининзи за овие три заболувања кои ќе траат во наредните две години.

Токму и темите на Самитот беа: „Кога е фер да се каже НЕ во здравството“, „Правична дистрибуција на ресурсите во здравството“ и „Како до фер ограничувања“.

-Се повеќе граѓани ја предизвикуваат власта, со прашањето како се трошат парите наменети во здравјето. Тогаш системот е ставен во предизвик како да излезе во пресрет на пациентите, во услови на ограничени ресурси и како да се спроведе фер дистрибуција на средствата наменети за здравството вели организаторот Меѓународниот проект, Хелтгрупер.

Покрај домашните стручњаци и клучните луѓе кои ја кројат политиката во здравството, на Самитот учествуваат и тројца врвни експерти: Норман Даниел од Харвард Школата за јавно здравје, Тед Тулчински од Школата за јавно здравје на Хебрејскиот Универзитет и Крис Браун заменик шеф на канцеларијата на СЗО за Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.