Eден од првите чекори на СДСМ ќе биде искоренување на неправдите што власта на Груевски им ги наметна на земјоделците, порача генералниот секретар Оливер Спасовски во Босилово, соопштува СДСМ.
Граѓаните на трибината се пожалија на селективна исплата на субвенциите, дека ги добиваат они кои протестирале на трактор против опозицијата под директива на ВМРО-ДПМНЕ.
Предлог мерките на СДСМ во делот на земјоделството се реални и остварливи, ќе се субвенционираат вистинските земјоделци, посебно внимание ќе се посвети на навремено исплаќање на субвенциите, што ќе ја стимулира ефикасност на производството. СДСМ за земјоделците ќе обезбеди поевтина нафта, ќе го субвенционира семенскиот материјал и сериозно ќе вложува во наводнувањето, им објаснуваше на жителите на овој крај тимот на СДСМ.
– Ќе ја субвенционираме нафтата за земјоделската механизација, со која земјоделецот ќе може лесно и навремено да ги извршува сите потребни агротехнички мерки на поле и после бербата. Поевтината “зелена нафта“ за земјоделците ќе биде посебна субвенција, чија висина ќе зависи од големината на површината во хектари.
-Не смееме да ја оставиме Владата и натаму да го уништува македонскиот аграр, создавајќи лажна слика преку скапите реклами коишто служат за граѓаните да мислат дека земјоделците живеат добро, рече генералниот секретар Спасовски.
Тој најави повеќе мерки за вработувања, особено на младите, со што тие кои се иднината на државата, ќе бидат задржани да живеат и работат во својата родена земја. Им ја појасни на граѓаните и мерката за правичен данок.
-Не е фер богатите и сиромашните да плаќаат исто. Во една нормала држава посиромашниот би требало да плака помалку, а побогатиот да плаќа повеќе и тоа СДСМ ќе го спроведе им вети Спасовски.
Пензионерите се пожалија на намалена пензија месецов.
Тимот предводен од генералниот Секретар Спасовски им ги објасни предлог мерките на СДСМ за усогласување на пензиите со пензионерската кошница, што значително ќе го подобри нивниот животен стандард, соопштува СДСМ.



