НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заменик министерот за здравство поднесе оставка по објавената снимка за примање мито

0
By Нова ТВ on October 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик министерот за здравство Асим Муса пред малку на прес конференција во Владата рече дека се повлекува од функцијата.

Муса поднесе оставка само еден ден откако на албанската телевизија „Топ Ченел“ беше објавена снимка во која се тврди дека заменик министерот за здравство Асим Муса, бара мито за да направи операција на пациент од Албанија во земјава. Истражувањето на „Фикс Фаре“ кое траело три месеци ги открива договарањата што ги прави заменик-министерот во болничките простории.

Денеска Муса рече дека снимката е „стапица“ и ги обвини медиумите за „дивеење и жед за спектакл“.

„Ова е стапица намерно направена да наштети на мојот углед и чест.

Повеќе од 20 години служам на граѓаните и на општеството чесно. На снимката зборуваме за интервенцијата за странски пациент кои не е осигуран и кој се оперира приватно кај нас. Јас го кажувам можниот износ на интервенцијата за овие пацинети, но тие ми приредија стапица“, рече Муса.

Муса е заменик министер година и половина. Претходно три години беше директор на општата болница во Струга и на болницата за нефрологија.

Авторите на емисијата „Фикс Фаре“ на Топ Ченел објаснуваат дека почнале да го истражуваат Муса, откако до нив стигнале многу поплаки од пациенти кои тврделе дека докторот бара мито.

На почетокот новинарите на „Фикс Фаре“ размениле пораки со заменик-министерот и договориле термин и место за средба во Струга. Тие се среќаваат со заменик-министерот, кој им вели дека треба да се направат анализи за да се види дали пациентот има потреба за интервенција. Во разговорот тој кажува дека операцијата ќе ја изврши во болница и ќе чини 1.000 евра и парите треба да му се даваат нему.

 

заменик министер здравство мито
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.