Published: Monday, December 9, 2013 13:00
Денеска Светска банка ќе го објави извештајот за економската состојба во Македонија. Станува збор за редовен полугодишен извештај, каде што покрај земјава, осврт ќе има на економската состојба во регионот, за Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.
Како што покажува праксата, извештајот содржи информации за состојбата на земјите од регионот по нивното излегување од рецесија, за очекуваниот кумулативен регионален економски раст од 1,8 проценти годинава, но дава прогноза за идните случувања.
Како презентер на извештајот ќе биде главниот економист на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија, Галина – Андронова-Винчелете.




