Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за насилствата во Центар почна од почеток-на Груевски ќе му се суди во отсуство

0
By Нова ТВ on October 16, 2019 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2019 12:56

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година денеска почна одново поради тоа што изминале 90 дена од одржување на последното рочиште.

Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи.

Обвинителката Фетаи, на почетокот на денешното рочиште, со оглед на тоа, како што рече, дека постапката трае веќе повеќе од три години, побара на обвинетиот Никола Груевски кој подолго време е во бегство да му се суди во отсуство, што Судот го прифати.

Адвокатот Димитар Дангов побара, со оглед дека од последното одржано рочиште поминале повеќе од 90 дена, а и дека треба повторно да бидат изведени докази и сведоци, Судот повторно да процени кои докази се процесно важни и неважни со цел постапката што побрзо да заврши.

Бранителот Дончо Наков, рече дека се приклучува на предлогот и посочи дека со тоа што постапката почнува одново, а има измени во овластениот тужител, кој сега нема право да ги користи снимените разговори како докази, имајќи предвид дека тоа ексклузивно право го имаше единствено Специјалното јавно обвинителство, Судот треба да им дозволи да ги образложат дадените приговори по досега изведените докази.

 Судот ги одби нивните предлози за одложување на расправата, за закажување посебно рочиште за образложување на приговорите по изведените докази и за новонастанатата ситуација со оглед на промената на овластениот тужител.

Обвинителката Фетаи кажа дека нема промена на обвинителниот акт и предложи изведените докази и веќе сослушаните сведоци, само да се прочитаат.

Одбраната се спротивстави на таквиот предлог и побара, со оглед на изменетата ситуација Судот да им овозможи да ги испитат сведоците.

Судот одлучи да се читаат исказите на сослушаните сведоци.

Сослушани двајца сведоци

Првиот сведок, која во 2013 до 2017 била советник во Советот на Општина Центар, рече дека на седницата во 2013 година биле четири одлуки за измена на ДУП-от.

– Гласањето на дневниот ред, со оглед дека спорните точки не беа тргнати, се изгласа. По два три часа расправа седницата беше прекината и закажана за четири пет дена. На следната седница додека се расправаше по легитимноста на точката, надвор имаше многу луѓе и врева. Со оглед дека надвор имаше народ што гласно реагираше на постапката за стопирање на градбата на црквата Св. Константин и Елена, внатре не можевме да следиме што се случува. Искрено не знам зошто Претседателот на Советот не ја прекина Седницата, изјави сведокот.

Седницата, посочи таа, не беше прекината и во меѓувреме се случи реакцијата на луѓето надвор, со кршење на прозорци.

– Седницата траеше повеќе од 20 часа и не знам како претседателот на Советот не покажа сенс и не ја прекина со оглед дека немаше услови за работа, истакна сведокот.

Посочи дека не видела никакви политички одбележја кај толпата луѓе пред општината.

Вториот сведок, предложен од Борче Богдановски, рече дека Богдановски го познава од дете и дека тој е голем христијански верник и донатор на Црквата.

– Кога дојде повик од црквата да присуствуваме на протест за црквата Св. Константин и Елена. Поради работни обврски јас бев само еднаш на протест заедно со Богдановски. Имаше многу луѓе со верски одбележја. Таму беше и Митрополит Агатангел кој имаше и обраќање и повика да се продолжи протестот и пред Општина Центар, изјави сведокот.

Посочи дека Богдановски цело време протестирал мирно и се движел заедно со толпата.

Судот врз основа на член 347 од ЗКП ги отфрли и нема да бидат сослушани повеќе предложени сведоци, меѓу кои и Митрополит Агатангел.

Поради економичност на постапката, на денешното рочиште, беа сослушани двајцата веќе повиканите сведоци, предложени од одбраната. Судењето ќе продолжи на 18 ноември.

Во „Насилство во Општина Центар” обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.