Претседателката на невладините Контрапункт и Јадро, Искра Гешоска, синоќа, во акција со Елена Вељановска од Контрапункт, протестирајќи изведоа граѓанска акција со која го изразија протестот за состојбите во земјата, кои според нивното гледиште, наликуваат на елементите на фашизмот, на она што денеска наликува државата.
На неколку локации, кои според нив се симбол на распадливоста на државата и на владеењето поставија плакати токму со таа порака- дека не сакаат да живеат во ваквата Македонија.
Контрапункт во својата мисија се води како асоцијација за развој на критичка теорија и мисла, современи урбани и културни политики, активизам и поттик на демократизација на социо-културниот простор.