На само три километри од центарот на Скопје се наоѓа приградската населба Момин Поток. Ромското маало таму е населено од 1963 година. Цели педесет години за овој регион не е направено ништо. Луѓето живеат во кал, без вода, струја, немаат канализација. Ѓубрето околу нивните куќи е извор на инфекции и заразни болести. Куќите, тонат во вода и кал.
Ова е Скопје. Животот тука е дел од нашата реалност која не треба да се крие од јавноста. Овие луѓе се наши сограѓани кои живеат од собирање ѓубре и пластични шишиња по контејнерите. Тие се трудат да бидат подобри граѓани, ги праќаат децата на училиште, а најголем дел од нив не примаат социјална помош, а се без работа. Колку државата ги извршува своите обврски кон нив? Во 21 век во држава која се стреми кон ЕУ, ваква слика е само лоша порака за имиџот и иднината на оваа земја порачуваат жителите на Момин Поток