Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самитот на ЕУ останува „последниот воз“ за Скопје

0
By Нова ТВ on October 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2019 07:14
Францускиот претседател Макрон вчера уште еднаш кажа „не“ за почеток на преговори со Северна Македонија, но дипломатски извори во Берлин велат дека тоа не е крајот на приказната. Проширувањето и натаму на агендата.

Според дипломатски извори кои ги цитира германската новинска агенција ДПА, како што објавува Дојче веле, на самитот на лидерите на ЕУ денеска ќе има уште еден обид да се предомисли францускиот претседател Емануел Макрон за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија. Истото, на заедничката прес-конференција со Макрон во Тулуз го најави и германската канцеларка Ангела Меркел.

Германија и Франција „сакаат до четврток да размислат како да изнајдат заедничка позиција пред самитот на ЕУ“, рече германската канцеларка, додавајќи дека таа позиција треба да биде прифатлива и за другите ЕУ-членки.

Меркел денеска во 9 часот има обраќање до Бундестагот- редовна пракса пред секој самит на ЕУ. На нејзината интернет страница веќе е најавено дека проширувањето на ЕУ „ќе биде важна тема“ на лидерскиот самит.

„Германската влада е за почеток на преговори и тоа и натаму ќе го поддржува на европско ниво. Многу други членки на ЕУ го споделуваат овој став“, се наведува во официјалната изјава од канцеларијата на Меркел.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го исполни ветувањето дека ќе ја стави темата за проширувањето на агендата на самитот на ЕУ. Според нацрт-агендата, прашањето за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија е на второ место на распоредот, веднаш по дискусијата за Брегзит.

Заев – Туск: Северна Македонија ги исполни сите услови за преговори

Заев на вчерашната средба со Туск очекуваат дека лидерите на земјите членки на Европската Унија на денешното заседание ќе прават напори да дојдат до консензуално решение поврзано со почетокот на преговорите за Северна Македонија.

На  средбата на Заев и Туск заклучиле дека земјава и граѓаните ги исполниле сите услови за донесување одлука за почеток на преговори правејќи храбри чекори и сериозни реформи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.