НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Брзата помош блокирана, хаос од возила-пропадна тендерот за катни гаражи во Клинички

0
By Менче Атанасова Точи on October 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колона на возила кои не можат да се разминат, свирежи, блокиран пат за брзата помош. Ова се случуваше пред Клиниката за детски болести и е секојдневна слика во Клиничкиот центар.

Од видеото може да се види како од возилото на Итната медицинска помош молат за да ги пуштат да поминат, но заглавени еден до друг возачите беспомошно креваат со раменици. Драмата траеше 15-ина минути, а за да се спаси на човечки живот секоја минута е важна.

Проблемот со паркингот на Клиничкиот центар се уште не е решен. Вработените велат дека после 8.30 часот е невозможно да се паркира возило во Клиничкиот центар. Возилата се паркираат на зелени површини, зад и пред клиниките, во кал, секаде каде што успеат да најдат место.И покрај тоа што министерот Филипче цела година ветува изградба на две катни гаражи од тоа се уште нема ништо. Со паркингот уште стопанисува Град Скопје, а состојбата станува се полоша.

„Ние вработените сме многу револтирани. Плаќаме по 800 денари месечно за паркинг, а нема каде да ги оставаме возилата. На средбата во јануари, министерот Филипче вети изградба на 2-3 катни гаражи и дека месечната сума за паркинг за вработените нема да биде повисока од 200 денари. Девет месеци од тогаш, нема ниту траг од катните гаражи, а ние не сме се сретнале со министерот Филипче“, изјави за НОВА, Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клинички центар.

Тендерот за монатжните катни гаражи беше распишан на 24 јули, а еден месец подоцна, поради како што велат административни проблеми, за сума од 4, 6 милиони денари беше распишан оглас за изработка на проектот. Едната катна гаража беше предвидено да се гради на местото каде што беше старата зграда на Гинекологија, а втората кај Инфективна клиника и беше планирано да располгаат со 1800 места. Но, тендерот пропадна бидејќи никој не се јавил на јавниот оглас.

Од Министерството за здравство потврдија дека се во фаза на поништување на постапката.

„На 2 август годинава, беше распишан Јавен оглас за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за изградба на 2 монтажни гаражи, но до истекот на рокот за доставување на понуди, не пристигна ниту една понуда од економски оператор. Од тие причини Министерството за здравство, како договорен орган, е во фаза на поништување на постаката. И согласно законските рокови постапката ќе ја обновиме.  Тоа значи дека и понатаму Град Скопје е надлежен и стопанисува со паркингот во Клинички центар“, велат за НОВА од Министерството за здравство.

Во ваква ситуација и без да се преземат мерки, колку толку да се стави ред, хаосот со паркирање на возилата продолжува и секој ден изгледа се поневозможно да се влезе и да се паркира во кругот на Клиничкиот центар. Сета ова ова предизвикува уште поголем револт кај вработените и кај пациентите, а возилата на Итната медицинска помош не можат да се пробијат до клиниките.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.