Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аспирациите на Скопје и Тирана мора да чекаат-дискусијата за проширувањето оставена за следниот самит

0
By Нова ТВ on October 18, 2019 ПОЛИТИКА
AFP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 18, 2019 07:36

Дискусијата за проширувањето се оставени за следниот Европски совет, соопшто холандскиот премиер Марк Руте за новинарите рано утрово. Тој рече дека лидерите долго време разговарале за реформите во пристапниот процес, конкретно за владеењето на правото и раздвојување на власта – прашања за кои имало загриженост со Албанија во однос на почеток на преговорите.

-Сите признавме дека и во Северна Македонија како и во Албанија, завршена е огромна работа, рече тој за Политико, тука наведувајќи ги напорите за подобрување на владеењето на правото и во двете држави и за промена на името во Северна Македонија, за решавање на долгогодишниот спор со Грција.

Руте рече дека има уште работа да се направи во обете држави, но дека „списокот е малку подолг“ за Албанија, иако земјата направи „голем напредок“.

Разочараност изрази и  чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој на прашањето зошто лидерите на ЕУ не постигнаа договор за почеток на преговорите за членство за Северна Македонија и Албанија рече:

-Треба да ги прашате некои други земји-членки. Ние им ветивме. Јас сум многу разочаран, рече Бабиш, според кого ова прашање требало да биде формалност бидејќи претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и шефицата за надворешна политика Федерика Могерини и двајцата изјавиле дека двете држави ги исполниле критериумите утврдени за да започнат разговори.

-Лидерите на ЕУ изминатата ноќ водеа напната расправа за двете мали балкански нации, но на крајот не беа во можност да постигнат договор дури и за млака изјава која нуди охрабрување и одложување на формалната одлука, пишува портталот Политико, кој преку блог во живот од минута во минута ги следи случувањата на ЕУ самитот во Брисел.

Францускиот претседател Емануел Макрон остро се спротивставил на продолжувањето на преговорите за членство и на крајот преовлада над другите лидери, вклучувајќи го и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и германската канцеларка Ангела Меркел, кои беа на страната на Северна Македонија и Албанија.

Премиерот на Холандија, Марк Руте, го поддржа потенцијалниот компромис што би дозволил да започнат разговори со Северна Македонија, оставајќи ја Албанија на чекање, но на крајот, лидерите исто така не успејаа да се договорат за одвојување на двете држави.

-Лидерите на ЕУ ги намалија изгледите за членство што беше поттик за Северна Македонија да го реши долготрајниот спор со Грција, што го направи минатата година – делумно со промена на името на земјата. Но, на крајот тие надежи беа исцрпени – барем засега – оставајќи ги властите во Скопје лути и длабоко разочарани, пишува Политико.

Финскиот премиер Анти Рине, по самитот, за медиумите кусо порача дека се надева дека лидерите ќе се навратат на прашањето во текот на денешниот ден, но без гаранции.

Долга ноќ на преговори

Разни национални делегации различно брифираат, додека едните се надеваат дека ќе се наврати ЕУ на проширувањето денеска, други тврдат дека нема политичка волја за тоа.

ЕУ требаше вчера, по две одлагања, да донесе „јасна и суштинска“ одлука за отпочнувањето на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, согласно препораката на Европската Комисија и општиот консензус во ЕУ дека двете земји се подготвени за следниот чекор. Но, недостатокот од политичка волја надвладеа.

Повеќето земји членки ја обвинуваат „тврдоглавоста и кусогледоста“ на Франција кон Западниот Балкан. Претседателот Емануел Макрон одбива секаков напредок во проширувањето додека не се измени методологијата на преговарачкиот процес, реформа која може да трае со години и за која Париз не дава конкретни одговори како треба да изгледа.

Од друга страна, земји како Холандија и Данска не сакаат да започнат преговори со Албанија. Во Хаг тоа е став на парламентот, и владата смета дека не може да го игнорира гласот на пратениците. За Холандија зелено светло беше прифатливо единствено под услов да се одвојат двете земји.

Конечно, третата група, најбројната, се земјите кои сметаат дека преговорите треба да почнат со двете земји, иако повеќето од нив велат дека беа подготвени да прифатат да се оди напред само со Македонија доколку тоа биде прифатливо за Франција.

Франција меѓутоа не се согласи со оваа варијанта, додека нејасен остана ставот на Германија до крај, за која одредени делегации брифираа дека е „непопустливо“ против одвојувањето, други држави членки сметаа дека Париз и Берлин пак се кријат еден зад друг.

По неколку обиди за нацрт заклучоци, кон полноќ паднал француски предлог за компромис: да се одложи по четврти пат одлуката за пролетта 2020, пред самитот за Западен Балкан во Загреб. Опцијата била неприфатлива за повеќе земји кои сметаат дека не смее да има никакво одлагање, брифираат дипломатски извори, и дека одлуката „мора да се донесе денеска или утре“.

Поради ова земјите поддржувачи на проширувањето го одбиле францускиот предлог и одлучиле дека е „подобро да нема воопшто заклучоци отколку лоши заклучоци“, велат за МИА извори од земја членка на ЕУ.

-Западните земји едноставно не разбираат, има целосно отсуство на разбирање на реалноста надвор, подобро е што не се договоривме за текст, ова е навистина сериозно и сметаме дека е работа на претседателот Туск да стори нешто сега, додава дипломатски извор од источноевропска земја на ЕУ.

Самитот продолжува денеска од 9:30 часот, на дневен ред главна точка е повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ, климатските промени и стратешката агенда на ЕУ, во присуство на идната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн.

– Време за разговор има доколку има волја за тоа, само буџетот е тешка тема, другите се симболични…, заклучува изворот на МИА во разговор по самитот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.