Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Системот на Груевски го користи притворот како казна за Шиповиќ

0
By Нова ТВ on December 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 10, 2013 13:24

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ го продолжуваат политичкиот прогон против Мирослав Шиповиќ, неговото семејство и најблиските соработници.

За нив не важат фактите и аргументите дека не постои ниту еден правен основ претседавачот на Советот на Општина Центар да е во притвор. Ниту може да го повтори делото, ниту да влијае на сведоците. Ниту пак има намера да избега од земјава, изјави Генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во прес центарот на Собрание на Р.М.

Тој потсети дека Шиповиќ самоиницијативно се врати во Македонија. Дополнително, раководството на СДСМ понуди сопствен имот како уште една гаранција дека намерата на Шиповиќ е во судска постапка да ја докаже својата невиност.

– Единственото што Мирослав Шиповиќ, неговото семејство и блиските соработници го очекуваат е да им се овозможи фер процес и фер судење. Токму тоа што власта нема намера да го дозволи.

– Институциите на системот под контрола на Груевски и во овој случај ја злоупотребуваат мерката притвор и ја користат како казна и пресуда за Шиповиќ. Со единствена причина. Да се згази волјата на граѓаните на Општина Центар. ВМРО ДПМНЕ не може да поднесе дека коалицијата предводена од СДСМ е на власт во Општина Центар, смета Спасовски.

Според него на Никола Груевски му е потребен монтиран политички процес во кој ќе биде жртвуван претседавачот на Советот на Општина Центар за да ја блокира работата на Општината.

Целта е да се спречи ревизијата на монструозниот проект „Скопје 2014“. Да се оневозможи јавноста да дознае за дрската и немилосрдна проневера на милионски суми пари на граѓаните. Да се пренасочи вниманието од целосниот пад на митот за чесност на Никола Груевски.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија има обврска и одговорност пред граѓаните да ги искористи сите демократски средства да ја спречи власта во нејзините намери. Власта мора да сфати дека Уставот, законите и процедурите мора да се почитуваат. Дека нема алтернатива за владеењето на правото и правната држава.

СДСМ уште еднаш бара Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ да покажат минимум волја за нормален политички амбиент. Да дозволат да се почитуваат доказите и аргументите и на Мирослав Шиповиќ да му биде овозможено да се брани од слобода. Во регуларна судска постапка, тој, неговото семејство и неговите соработници да докажат дека се неправедно обвинети.

„Власта нема да ја добие поддршката на опозицијата за ниту еден закон за кој е потребно двотретинско гласање во Собранието на Република Македонија. Меѓутоа, случајот Шиповиќ е само уште еден доказ дека владејачката коалиција не е заинтересирана за суштинска примена на донесените закони, туку за нивно формално усвојување“, истакна Спасовски.

За СДСМ секогаш основен приоритет се интересите на граѓаните и државата. И оваа наша одлука е со цел власта да се вразуми, да го овозможи почитувањето на правото и да обезбеди правна сигурност за граѓаните.

Според Спасовски Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се на потег, првиот чекор што треба да го направат е да овозможат Мирослав Шиповиќ да се брани од слобода.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.