Ермира Мехмети-Деваја од ДУИ денеска изјави дека појавувањето нивни високи функционери во петокот вечерта, на мостот на Цивилизации кога беше оштетен споменикот на Цар Душан, било со цел ги спуштат страстите и да придонесат да не се дестабилизира уште повеќе целокупната ситуација.
„Целата контроверзност околу поставувањето на овој проблематичен споменик на мостот на Цивилизациите започна во моментот кога никој, партии сите општествени чинители не добија информација ниту кој е нарачателот, ниту кој е извршителот, ниту пак кој е поставувачот на таквата фигура на мостот.
– Сето она што се случи во петокот е последица која произлезе како резултат на таквиот арбитрарен чин на поставување. Јас не сакам да се занимаваме со последиците сакам да се занимаваме со причините“, рече Мехмети.
Таа истакна дека се додека нема одговор, кој, зошто, како, кога, поради кои причини го постави тој споменик, не мислам дека треба јавноста толку да се бранува околу кој, зошто, како, кога и од кои причини го рушеше или се обиде да го сруши споменикот.
Потенцираше дека било кој Албанец кој плаќа данок, рече Мехмети, не би прифатил со негови пари да се поставува споменик српскиот цар Душан кој масакрирал и убивал.




