По повод Mеѓународниот ден на човековите права, Обединети за Македонија им го честита празнувањето на овој голем ден за човештвото на ВМРО, како партија која најмногу оствари во својот мандат во сферата на човековите права. Партија, која според ОМ, во својот мандат успеала не да има еден политички затвореник туку неколку политички затвореници, партија која го поделила народот на партиски војници и партиски непријатели, партија која гледа на човекот како гласачко ливче а не како свој граѓанин од прв ред.
Од Обединети за Македонија соопштуваат дека немаат никаков повод за славење на Денот за човековите права во Република Македонија, бидејќи Македонија има сериозен проблем со почитување на човековите права. Во Македонија статистиката за оваа измината година покажа дека повеќе се прекршуваат него што се почитуваат човековите права.
Обединети за Македонија апелира до партијата на власт ако по некоја случајсност ја гледаат Македонија како идна членка земја на ЕУ и НАТО, да осврнат повеќе внимание и време на почитување и спроведување на Човековите права во Република Македонија.




