Американскиот Сенат со огромно мнозинство штотуку го ратификуваше Протоколот за членство на нашата земја во НАТО.
Сенатот гласаше со 91 глас „за“ и два „против“ од републиканските сенатори Ренд Пол од Кентаки и Мајк Ли од Јута.
-И честитаме на земјата за сите напори и напорна работа за постигнување на оваа цел. Очекуваме во блиска иднина да ви посакаме добредојде како 30 земја НАТО сојузник, објави Амбасадата на САД во земјава на својата Фејсбук страница.
Ратификацијата ја поздрави и амбасадорката јет Брнс, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.
– Многу сум задоволна поради огромната поддршка во Сенатот за ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји, порача на Твитер американската амбасадорка Брнс.
Сенатот на Соединетите американски држави денеска со 92 гласа „за“ и два „не“ го изгласа пристапниот протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.
Протоколот за членство на Македонија беше испратен до Сенатот од американскиот претседател Доналд Трамп на 30 април годинава.
За 9 месеци, Протоколот за членство во НАТО го ратификуваа 25 држави. Остануваат парламентите на Исланд и Холандија и Сенатот во Франција, каде ратификацијата пред неколку дена помина во прво читање. Неизвесно единствено останува дали Шпанија ќе успее да го ратификува до Самитот на НАТО закажан за 3 декември во Лондон, поради вонредните парламентарни избори кои се закажани за 10 ноември.