Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССКЦ го негира Филипче: Лекарите немаат 100 000 денари плата како што се прикажува

0
By Нова ТВ on October 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2019 14:07

Од ССКЦ даваат рок до првата недела на ноември да бидат повикани на разговор, во спротивно велат дека ќе преземат радикални чекори и ќе го повикаат членството на штрајк.

Синдикатот на Клинички центар ја потсетува власта дека лекарите немаат плата од 100 000 денари како што беше предвидено со програмата на СДСМ и ветено од Владата и ги негираат тврдењата на министерот за здравство Венко Филипче искажани на трибини на кампањата на „Прав пат“ каде вели дека“некои лекари согласно нашите ветувања земаат 100 000 денари“.

Во Синдикатот врдат дека основна нето плата на доктор специјалист во Клинички центар е 44.517,00 денари и е далеку од ветеното во програмата. Од ССКЦ даваат рок до првата недела на ноември да бидат повикани на разговор, во спротивно велат дека ќе преземат радикални чекори и ќе го повикаат членството на штрајк.

Во нивното соопштение тие потенцираат дека власта ќе ја изгуби довербата доколку не го исполни ова ветување бидејќи на трибините и јавните настапи, постојано се зборува дека  здравството и спречувањето на одливот на здравствениот персонал е еден од врвните приоритети на Владата.

Венко Филипче, на една од трибините во рамки на кампањата на Прав пат

Соопштението на Синдикатот го објавуваме во целост.

„Г-дине Премиер, г-дине Министер за здравство, да Ве потсетиме дека ветивте основна плата на доктор специјалист во терциерно здравство од минимум 100.000,00 денари и двојно зголемување на основната плата на здравствените работници.

Согласно важечкиот Колективен договор, сегашната основна нето плата на доктор специјалист во Клинички центар е 44.517,00 денари и е далеку од ветеното во програмата.

Во случај да платата на здравствените работници биде покачена согласно програмата со право ќе го побарате и ќе можете да сметате на гласот на здравствените работници на претстојните парламентарни избори. Синдикатот на Клинички центар јавно ќе побара од своето членство да ја поддржи Вашата политичка опција.

Во спротивно, ќе ја загубите довербата не само кај здравствените работници, туку и кај поголемиот дел од граѓаните, бидејќи на трибините и јавните настапи, постојано истакнувавте дека здравството и спречувањето на одливот на здравствениот персонал е еден од врвните приоритети на Владата.

Се уште веруваме во ветеното дека докторите специјалисти во терциерното здравство ќе имаат основна плата од 100000,00 денари, а на медицинските сестри и останатиот здравствен персонал двојно ќе им се зголеми платата, што несомнено е главниот услов да се задржи здравствениот персонал во нашата држава.

Доколку, во најкус временски рок не превземете конкретни активности за реализација на ветенето покачување на платите, Синдикатот на Клинички центар на почетокот на наредниот месец ќе го консултира своето членство за превземање радикални чекори за остварување на оваа програмска определба, која Синдикатот на Клинички центар уште на почетокот во целост ја поддржа“, се вели во соопштението на Синдикатот на Клинички центар.

Со програмата беше ветено до крајот на мандатот дека платите на лекарите ќе бидат 100 000 денари, аплтите на медицинските сестри и остантиот медицински персонал ќе бидат зголемени двојно.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.