– Јас не сум тој кој треба да оценува дали имало или немало злоупотреба на притворот, јас сум дел од извршната власт, и од таа гледна точка можам само да ги погледнам анализите, колку луѓе биле во притвор оваа година, и од сите судски потврди, статиските покажуваат дека помалку од 1 % од луѓето кои биле во судска процедура добиле притвор, изјави премиерот Никола Груевски на надзорната расправа во Собранието, каде што беше пречекан со фотографии на Љубе Бошковски, Томислав Кежаровски, Велија Рамковски, и Мирослав Шиповиќ.
.jpg)
Премиерот потенцираше дека Република Македонија во изминатите години прави сериозен напредок во делот на судството директно поврзано со почитувањето на уставно загарантираното право на презумпција на невиност, и наодите за злоупотреба на притворот.
„Ние како Влада максимално се трудиме да ги подобриме условите преку нови или измена на постојните закони, односно со кои ќе се подобри ефикасноста, ажурноста, правичноста во судовите, и во иднина ќе има судии со уште повискои квалификации од сегашните“, рече Груевски.
Игор Ивановски од СДСМ, Груевски го потсети дека токму тој го имаше повикано во Владата тогашниот претседател на Апелациониот суд, Јордан Митриновски, и откако не дал сам оставка потоа бил разрешен од функцијата. Ивановски потсети на сите досегашни затвореници кои и Европската Унија ги квалификува како „политички прогон“.




