Во текот на 49-тата недела од 2013 година, односно од 02.12 до 08.12.2013 година, во Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 61 лица со симптоми на грип, соопштуваат од Институтот за јавно здравје.
Вкупниот број на заболени од грип во земјата од почетокот на сезоната 2013/2014 заклучно со 49-тата недела, изнесува 432 лица. Засега нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип.
.png)
Најголем морбидитет во оваа сезона е регистриран во Пехчево (30,8/10.000), а најголем број на заболени се регистрирани на територијата на Куманово, Тетово, Скопје и Струмица.
Најголем број на заболени има во возрасната група од 15-64 години.
.png)
До крајот на 49-тата недела, против сезонски грип се вакцинирани вкупно 23.954 лица и потрошени се 99,9% од набавените вакцини во јавно-здравствените институции кои се овластени за вакцинација против грип.




