Официјална Атина смета дека Македонија не ги исполнила условите за почеток на преговри за членство во ЕУ.
„За ФИРОМ останува нашата фиксна поддршка за членство, но под услов да се исполнат Копенхашките критериуми, во кои се вклучени и добрососедските односи. Ја знаеме добро позицијата на Комисијата која предлага 5 години почеток на преговори, но нашето мислење е и ќе продолжи да биде дека се уште нема предуслови за почеток на преговори со ФИРОМ“, изјави, како што пренесува дописникот на Утрински весник. заменикот министер за надворешни работи Димитрис Куркулас. Заменик министерот изрази надеж за македонската влада да одговори на грчките, како што ги нарече „храбри чекори“ за решавање и подобрување на добрососедските односи, за конечно да се отворат вратите за членство во ЕУ и НАТО.




